2win800x200

Да не ги убедуваме уметниците да станат програмери, порака на писателката Нона Марковска при промоцијата на новиот роман

Септември 22, 2021

Нона Марковска која деновиве го промовираше својот нов роман „Големата лага и малите вистини“ ја врати надежта дека младите сакаат да се заминуваат со пишување, а не само со програмирање. Промоцијата што се случи деновиве во „Везилка“ успеа да собери многу млад свет заинтересиран за новата книга, но да ја чујат и Нона која своите ставови ги изнесе храбро и одважно за една 18 годишна девојка.

Инаку, нејзиниот роман е слика на реалноста која сите заедно ја живееме, плод е на периодоите на изолации, карантини што ги поминавме со присустниот коронавирус, силен крик за родова еднаквост и порака до сите уметници да творат зашто и од Битола се може. Ова е еден вид на роман за самопомош, книжевна терапија.

Сижејната линија на романот се движи низ реалните настани кои му се случуваат на светот. Додека докторката Лаура де Луци се обидува да ја спаси сестра си од неизлечливата болест, во болницата „Салватор мунди“ се случува хаос. Во Рим се шири заразна болест. Притиснати од неа, преморени и исплашени, и лекарите и пациентите стануваат свесни дека се, пред сѐ, луѓе кои сакаат да живеат, да сакааат и да бидат сакани. Борејќи се со страшниот вирус, всушност, сите се борат со своите внатрешни демони.

„Сакав да му дадам прегратка на сите оние кои се чувствуваат неприфатено во општеството. Дискриминацијата , предрасудите ми се омилени теми за пишување и разработување. Се соочивав со луѓе кои постојано имаат предрасдуди и ги судат луѓето и на тој начин сакав секој да се чувства добредојден во овој свет. Не треба да дозволиме луѓето да се чувствуваат дека не припаѓаат овде. Нормите кои кај нас беа пред неколку векови уште функционираат , уште имаме старомодни сфаќања за тоа како треба да се облекува жената, како треба да се однеусва мажот, дека женското треба да биде нежно, дека не може жената да се тепа, да свири на тапани, може, може и мажот да се шминка, да се однесува нежно и да покажува љубов. Општеството треба да научи да прифаќа пред да сака да биде прифатено“, рече младата авторка.

Таа упати и порака до уметниците.

„Треба да се прифати дека умертноста е професија. Веројатно тоа ќе се смени ако го смениме менталитетот. Наместо со гратис карти да се оди во театар, да си купиме, наместо да одиме да ги видиме сликите кои ни се допаѓаат и да ги сликниме со телефонот, да ја купиме сликата на уметничка изложба. Мислам дека уметници има многу, но ние како луѓе ги принудуваме да одат да се одлучат да бидат програмери, економисти или друга прогресивна гранка во моментот. Но, општесатвото се менува. Ако сега е актуелно програмирањето, не се знае што ќе биде по неколку години, можеби уметноста“, реќе Нона.     

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани