2win800x200

Петровска: Се мајтапеа и ги критикуваа мерките што ги преземавме, а денес иако е полошо во однос на бројките новозаболени молчат

Јануари 21, 2022

Прикажаниот график дава споредбена анализа на број на новозаразени 5.1.2021 - 20.1.2021 и 5.1.2022-20.1.2022. Разликата огромна. Поентата на споредбата не е за стручни медицински анализи (да нема забуна, прво, не сум од оние кои даваат експертиза за се' , во медицината апсолутно немам познавања;  второ ниту од оние кои лутаат со коментари при промена на теми за докторски дисертации). Табелата е приложена за нагласување на политикантството на некои џанам политичари. Состојбите беа многу поинакви во минат период ама уста не затворија од мајтапење со преземените мерки, активностите, заложбите... ни делеа маски, критикуваа, не' споредуваа со други градови критикувајќи не' дека не работиме како што треба. Проблемот е комплексен, и тогаш нагласував и сега. Не критикувам што се прави или не се прави, ниту дали се прави, само го нагласувам ПОЛИТИКАНТСТВОТО. Ама ете така, истиот етер во кој лажеа преку нарачки дека цел кат од болницата бил за мене испразнет, истиот етер ги има и нивните изјави и активности во минатото, а и во истиот етер е нивниот молк за сегашниве високи бројки додека седат на позициски столчиња. И така, ова е школски пример за нечие политиканство на маката на народот. напиша екс-градоначалниката Наташа Петровска на нејзиниот фб профил. 

268764043 2764066487072316 5092328091900378472 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани