2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Годинешниот конкурс во културата за некои луѓе е тежок бизнис, но одолеавме на притисоците, рече министерката за култура

Февруари 16, 2022

Да ја ставиме партијата или политиката на услуга на партијата не е грев, но културата да ја ставите во услуга на партиските потреби, тоа е веќе партизација, на тоа бевме сведоци во едно така неодамнешно време и тоа повеќе нема да се повтори, рече министерката за култура Бисера Костадиновска –Стојчевска на денешната прес конференција на која ги соопшти проектите од државен интерес што ќе добијат финансиски средства од државата..

„Многу луѓе од културата, меѓу кои и јас за жал, го споделуваме чуството дека годинешниот конкурс за некои луѓе е тежок бизнис. Со таа се обезвреднува самата смисла на овој тип на поддршка. Очекувам токму тие реакции да бидат најгласи и најсилни. Но, морам да кажам дека и тоа како одолеавме на пристисоците“, рече Костадиновска- Стојчевска.

Таа додаде дека во однос на отпорноста најмногу им помогна електронската пријава и јасните правила на годинешниот конкурс. Буџетот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година изнесува 1 милијарда педесет и три милиони денари. Тоа е 66 милиони денари повеќе за оваа намена од средствата што беа на располагање за проектите во 2021 година.

Оваа година Конкурсот за првпат беше реализиран преку електронска апликација, беа отворени телефони за консултација и техничка поддршка, како и електронски адреси во секоја дејност за прашања од корисниците. Во системот се евидентирани 3 769 валидни пријави, а речиси 2/3, се пополнети со технички пропусти. Во изборот комисијата даде предност на квалитетот и домашната „жива култура“.

„Со искрено жалење сакам да констатирам дека непочитувањето на условите од конкурсот за аплицирање со проекти во најмногу две дејности, автоматски им ги отфрли проектите во сите дејности во кои аплицирале. Комисиите, во своите извештаи, посочуваат и на повторување на старите манири на дел од апликантите – од барање безобѕирно високи суми до конкурирање со стари, реализирани или веќе поддржани проекти од Министерството за култура; ист автор пријавен во повеќе улоги во повеќе проекти и покрај потпишаната изјава дека конкурира со еден проект; пријави од лица кои не се наши државјани; до потписи на починати лица или на лица кои воопшто не знаеле дека се предложени во некој проект“, рече министерката .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани