Webp.net gifmaker

Од ЈП „Водовод'' соопштија дека заради изведување на градежни работи, промена на секундарна и терцијална водоводна мрежа, ќе има прекин во нормалното водоснабдување на улицата „Македонска Фаланга“ на потегот од улиците „Раде Илиев“и „Широк Сокак“ на ден 21.07. 2020 година од 14 часот до 18 часот.

 

 Јавното претпријатие Водовод ќе гради своја управна зграда во стопанскиот двор на улица ,,Шеснаесетта" зашто досега беше потстанар и плаќаше големи суми за ќирии, сметки за греење и ладење. 

,,денес е голем ден за Водовод, пред општинската Комисија за финансирање и буџет  имавме излагање за новата управна зграда во делот каде Општината треба да ни излезе во пресрет за ослободување од комуналиите. Сонот на Водовод се остварува и мило ми е што јас ја имаа таа чест да го направам тоа, Водовод да има сопствена управна зграда. Тоа е единствено јавно претпријатие во општина Битола кое нема сопствена управан зграда, е под кирија. Во стариот објект сме кираџии на Сизот, имаме околу 800 метри квадратни корисна површина, а новиот објект ќе биде 1200 квадрати. Се стремиме објектот да биде модерен и да одговори на потребите на претпријатието. Ќе биде направен океански систем на работа , модерен стил, внатре со стакла,  ќе нема ѕидови. Поделени ќе бидат по одделенија. Современ објект со наплатен центар, пристапни рампи за инвалиди", рече директорот Горан Козаров. 

ЈКП "Водовод" Битола ги известува граѓаните, дека повремените прекини во водоснабдувањето на улица "Илинденска" се предизвикани од друг изведувач, фирма ангажирана од Министерството за транспорт и врски за промена на водоводната мрежа.

Страница 1 од 6

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани