2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

По повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Битола од фашистичкиот окупатор, министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОАВМ во с. Лавци.

Исто така, заедно со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и претседателот на Сојузот на борци од Битола, Стефан Бошков, положија свежо цвеќе на споменикот на НОАВМ на плоштадот “Гоце Делчев” и на споменикот на револуционерот Стеван Наумов – Стив.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска се сретна со група македонски студенти кои студираат на престижните британски универзитети при нејзината посета во Лондон по повод 30-годишнината од воспоставувањето на македонско-британските дипломатски односи. Оваа средба беше организирана од Македонската амбасада во Лондон.

 – На универзитетите во Обединетото Кралство, кои важат за едни од најпочитуваните во светот и се карактеризираат со вековна традиција, не е мал бројот на македонски студенти. Ми причинува задоволство што имав можност да остварам средба со талентирани и амбициозни млади интелектуалци, стипендисти, поддржани од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и од „Чивнинг“ – меѓународна програма за стипендии од Владата на Обединетото Кралство, - истакна Костадиновска-Стојчевска.

На средбата, студентите кои ги стекнуваат своите знаења на универзитетите во Лондон, Манчестер, Бристол, Виндзор ја информираа министерката дека нивната заедница на стипендисти е најголема во Манчестер.

студентуи

 Тие ги споделија придобивките од студиите на универзитетите во Обединетото Кралство, при што рекоа дека нивна заедничка цел е професионално да се реализираат во својата држава. Искрено веруваат дека во матичната земја ќе се валозираат нивните знаења и искуства од британските универзитети и ќе бидат препознаени придобивките од нивна вклученост во унапредување на секторите за кои се школувани.

Македонските студенти ја искажаа својата подготвеност и желба да ги имплеметираат своите вештини  во развојот на македонската држава.  Посочија дека е корисно да ги употребат сите меѓународни врски што ги стекнале во студентските кампуси за да привлечат странски инвестиции и да отворат сопствени бизниси. На тој начин, преку контактите и вмрежувањето што ги оствариле во Обединетото Кралство, ќе можат да ги зајакнат политиките на локално ниво и ќе придонесат за развој на македонската економија, во сопствената татковина. 

ссту  

– Разговаравме за начините како активно да се поддржат нивните идеи со фокус на иновации и истражувања и да се спроведат нивните иницијативи заеднички, со заложбите на Владата и на Министерството за култура. Покрај дефицитарните кадри во државата, треба да се искористат и да се пополнат и местата за професионалните кадри кои ни се потребни и неопходни за во иднина, преку активно вклучување на младите студенти и професионалци, кои се двигатели на секое општество – истакна Костадиновска-Стојчевска. 

Таа додаде дека е од непроценливо значење што престојуваат и учат во Обединетото Кралство бидејќи тоа е ретка можност да се запознаат луѓето од целиот свет и да се научи повеќе за нивната култура и традиција.

студенти55

 

Честитки за одлучноста на нашата министерка, Бисера Костадиновска Стојчевска да го држи постојано фокусот на културата во Битола!  Нема поголема гаранција за заштита на македонската оставштина од заштитата на културното наследство што го имаме!  А, го имаме во изобилие, без разлика што некој сака да го заобиколи. Пеш или со некое превозно средство!, велат од СДСМ Битола

Со европски пари реконструирано е Пациото во Завод и музеј Битола, простор кој е дел од старото воено училиште каде некогаш учел Мустафа Кемал Ататрук, а денес се користи како простор за културни настани. Парите беа извоени од ИПА проект за прекугранична соработка со Албанија, а кофинансираше и Министерството за локална самоуправа.

„Во изминатиот период институцијата изврши реконструктивни зафати во овој дел од објектот каде се поставени нова инсталација, одвод, гранитни плочи и коцки и пристапни рампи за лица со попреченост. Овој простор сега е претворен во лапидариум каде се поставени 15 мермерни скулптури со соодветно оветлување, кои досега не биле презентирани пред јавноста како и споменици од различни временски периоди откриени во Хераклеја и на други наоѓалишта“, рече министерската за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска.

394137444 186184767793253 5228226686245660594 n

Таа изрази уверување дека во иднина ова ќе биде позитивниот имиџ на негување на европски културни вредности.

„Убедена сум дека со реалзиацијата на овој и на идни проекти ќе произлезе нова енергија на уште поголемо пријателство и добрососедство она што не води кон заеднички европски дом“, рече Костадиновска- Стојчевска.

На свеченоста присуствуваше и евроамбасадорот Дејвид Гир кој рече дека ова е уникатен простор, а ЕУ помогна во зачувувањето на неговата убавина за да може да служи за уште многу уметнички настани.

„Во време на дигитални технологии и се поголемиот наплив на технолошки можности кои на перцептивно ниво ни ја менуваат реалноста, навистина е тешко да го најдеме вистинскиот начин како да го доближеме минатото до денешните генерации. Ова денес е реализација на еден сон кој го сонувале многу мои колеги, граѓани, а тоа е да го видиме Пациото со ново руво, реконструирано, средено, соодветно осветлено во кое упеваме преку поставениот лапидариум да ги поврземе нашето минато, сегашност и иднината“, рече диркеторката за Завод и Музеј, Мери Стојанова.

394343029 973866990386180 4131469505911677860 n

Таа посочи дека ова е првата голема инфраструктурна активност која ја реализираа, по што ќе следат други инфраструктурни зафати во делот на музејската зграда и постојаната музејска поставка.

 

 
 
 
 

„Народ задоен со борба за слобода никогаш не умира!“ е пораката на „Споменикот на паднатите борци 1941-1945 “ во село Лавци, Битолско за зачувување на богатата историја на нашата држава и почитување на македонските  херои од НОВ.  

Овој споменик како и „Могилата на непобедените“ во село Могила и  спомен обележјето кај Песјобрдце, Прилепско се дел од  успешните проекти за превентивна заштита на спомениците од НОВ, на Министерството за култура.

Селото Лавци има емотивна нишка со министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, бидејќи е родно место на нејзиниот дедо, првоборецот Пецо Гудовски, носител на Партизанска споменица 1941. Посветеноста на Гудовски, како и многу други Mакедонци во тој период, се доказ за издржливоста и решителноста за Македонија да биде слободна денеска.

„Како горда внука на мојот дедо Пецо Гудовски, пораснав со неговите емотивни раскажувања за настаните и подвизите на партизаните и за нивната херојска борба против фашистичкиот окупатор. Веројатно затоа, за мене борбата на партизаните е најсилната асоцијација на борба за слободна на македонскиот народ,“ истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.
Инаку, проектот за превентивна заштита на спомениците од НОВ вклучуваше опсежно чистење на спомениците, хортикултурно уредување на околината, обнова на патеките, промена на оштетените плочи на постаментите, комплетирање на натписите на самите споменици, а ревитализирана е  и Алејата на народните херои во Могила.

могила

„Од суштинско значење е да се потсетиме и да ја почитуваме пожрвтвуваноста направена од нашите предци. Превентивната заштита  на спомениците во Лавци, во Могила и во Песјобрдце не е само почит кон борците, туку и симбол на нашата посветеност за зачувување на богатото историско наследство за иднте генерации“, рече  Костадиновска-Стојчевска.
Нашата држава утре ја одбележува 82-годишнината од народното востание - 11 Октомври, како почеток на Народноослободителното движење. Иницијативите како оваа дополнително ја истакнуваат важноста на сеќавањето на минатото и неговото значење во обликувањето на иднината, затоа минатото се памети, историјата се почитува, а иднината се гради.
Министерството за култура продолжува да дава приоритети и да инвестира во проекти кои го нагласуваат значењето на македонското културно-историското наследство.

прилеп

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани