АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од кредитот за изградба на улици во поранешната касарна што го подигна бившата локална власт во висина од 2 и пол милиони евра, сега останале пари, па новата локална власт ќе прави уште десет нови улици во новата населба Златен рид. Независната советничка Габриела Илиевска на говорница побара градоначалничката Нашата Петровска да образложи дали од оваа дистанца задолжувањето било наменско.
-Дали денес вршиме проширување на одлуката на онаа „селска“ или Светска банка што ја нарекувавме кога бевме заедно во опозиција за подигнување на кредит. Би сакала да го цитирам колегата кој тогаш рече „ако ова е во ред зошто тогаш не се нацрта Владимир Талески , туку вас ве пушта по вода“. Денес го имам истото прашање –Зошто денес ако ова е во ред и ако овие пари од кредитот се во ред не се нацрта Наташа Петровска , туку вас ве пушта по вода ? Горда сум што сум гласала против ваков кредит и се уште сметам дека не требаше , бидејќи тогаш еден од колегите од опозицијата кој сега е директор рече: зошто не побаравме позајмица од Владата без камата? Би сакала некој од власта да кажи сега дека Владата на Р. Македонија и дала позајмица на Општина Битола без камата, рече независната советничка Илиевска.
Освен Илиевска никој друг не ја коментираше новата одлука.
-Бидејќи никој не бара збор ја заклучувам точката и одлуката за дополнување на одлуката со која од првично предвидените ќе се изградат 10 нови улици во поранешната касарна, ја ставам на гласање, рече претседателот на Совет, Валентин Груевски. За одлуката се гласаше едногласно и од советниците од власта и од двајцата советници од „Поинаку“. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ пред тоа ја напуштија седницата.
Врз основа на член 20 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр.61/04, 96/04, 67/07, 156/09 и 47/11), член 4 од Законот за јавен долг („Сл.Весник на РМ“ бр.62/05, 88/08, 35/11 и 139/14) и член 36 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/02), Советот на Општина Битола на седницата одржана на 00.00.2018 година, донесе:
О Д Л У К А
за дополнување на одлуката за долгорочно домашно задолжување на Општина Битола во рамки на Проектот за подобрување на општинските услови (МСИП)
Член 1
Со оваа Одлука се врши дополнување на Одлуката за долгорочно домашно задолжување на Општина Битола во рамки на Проектот за подобрување на општинските услови (МСИП), („Сл. Гласник на Општина Битола“ бр. 00) на начин што во членот 1 по зборовите „Рокдаил“ се става запирка и се додаваат следниве улици: СРУ6, СтУ5, П28 и СРУ6А, именувани како „Илија Николовски – Луј“; СтУ2 именувана како „Тодор Скаловски“; СРУ7 именувана како „Рокдаил“ и СтУ1 и СтУ 1.1 именувани како „Григор Прличев“.
Во истиот член по зборовите „Св. Јован Кукузел“ се додаваат следните улици: СтУ9, СтУ10 и СтУ10А именувани како „Митрополитска“.
Член 2
Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во Службен гласник на Општина Битола.
Мислејќи дека сака да и’ го одземе зборот од советничката говорница, денеска на седницата на Совет жестоко реагираше независната советничка Габриела Илиевска, барајќи од Валентин Груевски, да се определи дали е претседател на Советот или советник.
-Не можете да ми го земите зборот, значи ми упаѓате! Колега Груевски, вие сте претседател на Совет изигрувате овде и советник и претседател . Ако не, ставете друг претседател, бидете советник, па ќе се расправаме. Не можи на сред збор да ми кажувате, не можи, рече на повисок тон Илиевска, пред да разбере дека претседателот Груевски, кога и побарал минута пауза сакал само да го предупреди советникот на СДСМ , Борче Корлевски да не и упаѓа на Илиевска во говорот од место и да не и пречи во дискусијата, зошто тоа не е деловнички, ни пак статутарно.
-Значи не мора да викате толку, и рече Груевски на Илиевска, а таа веднаш го праша – А како да викам?
Голем дел од ридот над Битола се руши, паѓа и во вакви услови е опасно да се пушти во употреба обиколницата, рече Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола на денешната седница на која се дискутираше за безбедноста во сообраќајот.
Нема да има поскапување на цената на водата во Битола, и покрај препораките на Регулаторната комисија за енергетика. Цената на водата денеска ја разбранува политичката сцена во градот откако на седница на Совет се најде одлуката за поскапувањето. на водата.
Претседателот на Совет на Општина Битола, Валентин Груевски денеска јавно упати апел до мнозинските акционери на ФК Пелистер од Битола да ги исплатат долгот и клубот да го остават со чиста сметка. После тоа да отпочне правната процедура за преземање на акциите, зошто без платени обврски Општина Битола нема можност да го преземе клубот.
-Свесни сме за итноста на ситуацијата и временскиот теснец во кој се наоѓаме, затоа денес или најдоцна утре ќе биде рокот во кој треба да се исплатат долговите и да почне нормализација на состојбите во клубот. Се после утрешниот ден ќе биде предоцна за клубот-предупреди претседателот на Совет, Груевски.