АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нема да има поскапување на цената на водата во Битола, и покрај препораките на Регулаторната комисија за енергетика. Цената на водата денеска ја разбранува политичката сцена во градот откако на седница на Совет се најде одлуката за поскапувањето. на водата.
Опозицијата критикуваше дека власта ја замајува јавноста дека реално покачување на цената на водата ќе има , но дека владеачкото мнозинство тоа сака да му го препише на контото на ВМРО-ДПМНЕ.
- Во моментот кога цената на водата ќе се зголеми, добро ќе биде на граѓаните да им објасните како тоа се случи. А не да им продавате ефтин популизам дека цената на водата нема да се покачи. Ги лажевте граѓаните и во кампањата во 2016 и во 2017 дека цената нема да се зголеми. За следните три години цената ќе поскапе за околу 30 проценти од актуелната цена на водата- рече Борче Димитривски од ВМРО-ДПМНЕ на советничката говорница.
Владејачкото мнозинство во битолскиот Совет предводено од СДСМ е категорично дека нема да дојде до поскапување на водата и дека ќе гласа воздржано по одлуката за утврдување на нова тарифа на водата за домаќинствата и фирмите.
„Ние како владејачко мнозинство нема да ја зголемиме цената на водата за граѓаните. Се работи за закон донесен од ВМРО-ДПМНЕ со кој надлежностите на цената на водата преминуваат во Регулаторна комисија за енергетика. Ова што денес го имаме е резултат на нивното владеење, односно утврдувањето на трошоците кои ги направиле во работењето и начинот на пресметка е донесен како закон од нив пред три-четири години. Ние ќе гласаме воздржано и нема да го поддржиме зголемувањето на цената на водата“, рече Валентин Груевски, претседател на Советот.
Според одлуката која денеска се најде пред советниците, кубикот вода за пиење во Битола би имал цена повисока за 4, 10 денари за метар кубен за домаќинствата, а за претпријатијата за 5,17 денари. Јавното комунално претпријатие „Водовод“ побарало од Советот нови тарифи согласно решението што му го доставила Регулаторната комисија за енергетика во ноември минатата година. Решението предвидува постепено покачување на тарифите до 2020 година.