Увид во реконструкцијата на обиколницата на Битола и санацијата на свлечиштето што се појавува на тој дел од патот извршија денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.

-Би сакал да упатам апел до сите возачи, да бидат трпеливи следниве осум месеци, до кога очекуваме да биде комплетно завршена обиколницата.  Оваа реконструкција е дел од вкупниот инвестицискиот циклус за подобрување на патната мрежа во државата. Сакам да најавам дека за многу скоро време ќе започнеме со рехабилитација на регионалниот пат Битола - Демир Хисар, а на почетокот на следната година ќе распишеме и тендер за реконструкција на регионалниот пат од Битола до Меџитлија.

-Владата е сериозно посветена на железничкото поврзување на Коридорот 8, се работи на пругата од Куманово до Бељаковце, обезбедена е проектна документација и финансиски средства за делот од Бељаковце до Крива Паланка, а завршена е и проектната документација за пругата до граничниот премин со Република Бугарија, како и за 63 километри од Кичево до македонско -албанската граница. Во наредниот период планираме да бидат обезбедени над милијарда евра, средства кои ќе бидат искористени за подобрување на железничкиот систем во Република Македонија.

„Интензивно се работи на изградба на пругата. Во следниот период планираме заедно со градоначалничката и со директорот на ЈП Македонски железници инфраструктура да направиме увид врз граджените работи. Очекувањата наши се согласно рокот, до крајот на оваа година, да биде завршен тој проект“, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани