Синоќа, во просториите на НУУБ ,,Св. Климент Охридски Битола, Македонското научно друштво-Битола го одржа своето редовно изборно Собрание на кое за претседател во наредниот двегодишен мандат (2022-2024 година) повторно беше избрана вонр. проф. д-р Невена Груевска, која оваа функција ја извршуваше и во изминатиот двегодишен период.

Членовите на изборното Собрание на МНД-Битола, исто така едногласно изгласаа во наредниот двегодишен период, функцијата потпретседател на МНД- Битола да ја врши м-р Николче Трајчески, член на одделението за општествени науки. Со одлука на членовите на Собранието на МНД-Битола, избрани се и нов состав на Управен одбор, Уредувачки Совет, Надзорен одбор и Етичка комисија.

Излезе од печат јубилејниот број 10 од Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ во издаваштво на Македонското научно друштво-Битола. Главен и одговорен уредник на списанието е проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, а уредници се и: Весна Мундишевска-Велјановска, проф. д-р Силвана Нешковска и Елизабета Јончиќ. Списанието има и меѓународен уредувачки одбор во состав: проф. д-р Звонко Танески (Словачка), Раед Анис Ал-Јиши (Саудиска Арабија), м-р Жарко Милениќ (Русија и Босна и Херцеговина), проф. д-р Тземин Итион Тсаи (Тајван, Република Кина), проф. д-р Том Филипс (Велика Британија), вонр. проф. д-р Михо Нонака (Јапонија и САД), Искра Пенева (Србија), проф. д-р Су Џен Лин (Тајван, Република Кина).

Македонското научно друштво - Битола денес  го заврши културниот настан, изложба на документи и фотографии ,,Наши години".

Во фоајето на Центар за култура-Битола, претседателката на МНД-Битола доц. д-р Невена Груевска додели кристална коцка на член од семејството Струмениковски и јавна благодарница затоа што идејното решение на академскиот сликар Ранко Струмениковски и ден денес е амблем на Друштвото со кој се препознаваме во државата и странство. 

Амблемот на МНД-Битола е илустриран на јубилејната кристална коцка која денес е врачена на д-р.Тања Струмениковска -  Ристевска која воедно е редовен член на МНД-Битола

Големиот јубилеј - 100 години од раѓањето на Блаже Конески, ќе биде во фокусот на програмските активности за оваа година на Македонското научно друштво од Битола, објави денеска на прес конференција д-р Невена Груевска, претседател на МНД. Таа рече дека Македонско научно друштво-Битола како најстара научна организација во државата, подготви повеќе академски настани за делото на Конески.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани