2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Евроамбасадорот Самуел Жбогар ги посети планинарите од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ кои на Копанки со сопствени средства и донации од граѓани го обновуваат планинарскиот дом на Пелистер што изгоре пред пет и пол години, а беше култно место за собирање на битолчани.

Жбогар ја погледна изложбата со постори што ја подготвија планинарите и ја прикачија за потпорите од објектот што се обновува. На тој начин евроамбасадорот го запознаа со историјата на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ и со акцијата за санација на домот што започна од јуни насловена какo „Копанки за сите и сите за Копанки“. Бидејќи на местото се изведуваат градежни работи, планинарите на високиот дипломат му дадоа шлем за главата и маичка со амблемот на друштвото, кои тој ги стави на себе. Со ракавици на рацете Жбогар се вклучи и во дел од градежните работи што се одвиваат на теран.

На Копанки денес е и Емануел Рембер директор на Францускиот институт кој во јуни учествуваше во патувањето со мазгга и магаре по врвиците на Македонскиот фронт, како и претставници од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Планинарското друштво потпомогнато од други љубители на планината и волонтери успеа да го расчисти местото каде изгоре домот, да постави врзни греди, столбови, да шелова, а за утре планираат да ја стават и првата бетонска плоча во старата сала.47

45

46

50

51

„Мислам дека сите тука веќе со нетрпение ги очекуваме резултатите од многу интензивните преговори и разговори кои што се во тек и мислам дека двете страни ќе можат да најдат решение кое што ќе биде добро не  само за двете земји, туку  за целиот регион и за цела Европа. И се разбира за тоа да се случи мора да имаме трпение и доверба дека тоа ќе се случи“, изјави Жбогар при денешната посета на Пелистер.

Средбата на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас е добра вест затоа што само преку дијалог може да се решаваат проблемите и отворените прашања, изјави денеска во Битола евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Европската унија и во иднина ќе биде партнер и ќе и помогне на општина Битола за нејзин  напредок и реализација на приоритеите, рече амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар на денешната средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Евроамбасдорот   истакна дека  со Петровска  раговараа за досега реализираните прокети со поддршка на ЕУ, но и за проблемите со кои се соочува оштината и можноста Унијата да помогне во нивно надминување.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани