2win800x200

Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Македонија: Треба да се верува во оптимизмот на премиерите Заев и Ципрас

Јануари 25, 2018

Средбата на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас е добра вест затоа што само преку дијалог може да се решаваат проблемите и отворените прашања, изјави денеска во Битола евроамбасадорот Самуел Жбогар.

– Како што истакна комесарот за проширување Хан вчера состанокот меѓу двата премиери на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас  е навистина добра вест. Навистина можам да кажам дека оваа средба е добра вест зашто само преку дијалог можат да се решаваат проблемите и тоа е најдобриот  начин секогаш да се решаваат отворените прашања. Во изминативе неколку месеци двете влади  навистина воспоставија многу интензивен дијалог се со цел да можат да креираат атмосфера која ќе придонесе кон наоѓање на решение и изгледа дека вчерашната средба меѓу двајцата премиери е темел за подобро разбирање што ќе биде добро не само за двете земји, туку и за целиот регион и за цела Европа и се разбира за сите нас, изјави амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

Прашан дали го дели оптимизмот дека проблемот ќе се реши до јули и Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ, Жбогар рече дека треба да се верува во оптимизмот на премиерите и владите на двете земји.

-Владите знаат најдобро и ние треба да веруваме во нивниот оптимизам. За ЕУ следните шест месеци ќе бидат многу интензивни во релациите со Западен Балкан.  Многу работи ќе се случуваат секој месец, работи што не се случувале порано. Европската комисија во февруари ќе ја публикува својата стратегија која ќе обезбеди визија за патот земјите од Западен Балкан за  зачленување во ЕУ.  Во април ЕК ќе ги соопшти извештаите за прогресот на земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ, а во мај го имаме софискиот Самит кој е многу важен самит бидејќи е Самит меѓу Европската унија и шесте земји од Западен Балкан. Тоа ќе биде самит на кој ќе се сретнат премиерите од државите членки на ЕУ и премиерите од земјите на Западен Балкан каде што ќе разговараме за прашања кои се од заемен интерес како за ЕУ, така и за регионот. Во јуни, пак, е самитот на Европскиот совет на кој  очекуваме  многу важни одлуки поврзани со проширувањето на Европската унија и за можно отворање на пристапни преговори со земјите од Западен Балкан, рече Жбогар.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани