АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска на сметките на 3213 одгледувачи на овци легнаа субвенциите во висина од 607 милиони денари, најави од Битола министерот за земјоделство Трајан Димковски, при посетата на фарма во Потпелистерското село Дихово..
-Пред една недела се исплатија субвенциите за одгледувачи на говеда, а денес се исплатени субвенциите за обележани грла овци. На сметките на 3213 одгледувачи на овци легнаа субвенциите во висина од 607 милиони денари. Ова е само уште една потврда дека субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно. Од идниот месец ќе се исплатат субвенциите за свињи, кози и пчели, рече министерот Димковски.
Гани Корчаревски, земјоделец од битолското село Граешница е еден од корисниците на мерките од ИПАРД програмата кои му помогнаат да набави современа механизација. Во неговата фарма денес го посети министерот за земјоделство Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Никола Бабовски.
Факт е дека имавме страшно невреме во Преспанскиот Регион, сите надлежни владини и локални служби се на терен за да се санира состојбата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешниот увид во Преспа.
„Сите служби се на располагање, расчистени се сите патишта. Владата ќе ги ангажира сите можни капацитети да се проценат штетите, и на земјоделски производи и на објекти, за да видиме колкава штета е направена. Стапивме во контакт со ЕВН за жителите да добијат електрична енергија и да имаат чиста вода за пиење. Треба време да се санираат сите состојби, важно е дека државата заедно со локалната самоуправа е целосно подготвена да помогне”, рече Спасовски.