АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Откако го освои вечниот град Рим, долгоочекуваниот филм на најнаградуваниот македонски режисер Милчо Манчевски доаѓа во Битола. Проекциите премиерно започнуваат вечерва, први ноември, со почеток од 20 часот во киното во Центар за култура во Битола. Филмот ќе се прикажува викендов и в понеделник, така што проекцијата во сабота и понеделник се од 20 часот, а во недела е од 22,15 часот.
„ Врба“ е македонска филмска приказна, која се појавува моќно, драматичен еп за три македонски жени и нивната желба за семејна љубов. Ја следи приказната за трите жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски, Ненад Нацев, Никола Ристески.
Ж. З.
Пред почетокот на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, домакинот во Битола, Центарот за култура на својата фејсбук страница објави поштенска марка со ликот на Милтон Манаки кој била пуштена во употреба во 1980 година. Тоа било една година по создавањето на фестивалот, а марката во тоа време кога писмата биле едно од носечките средства за комуникација на далечина, покажува за високото вреднување на делото на Манаки на просторите на поранешна Југославија. Годинава фестивалот слави 40 години постоење, па една ваква иницијатива добро ќе дојдеше.
„Во 1980 година тогашна ПТТ пошта на Југославија објави поштенска марка со ликот на Милтон Манаки. Нека ова биде поттик и за Македонска Пошта. Убаво би било браќата Милтон и Јанаки Манаки да ги имаме на наша поштенска марка во ново издание“ напишаа од Центарот за култура.
Фотографии од прочуениот германскиот фотограф Курт Хејлшер направени во првата половина од минатиот век ќе бидат изложени на 49- то издание на Интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ што од 24 до 31 јули се одржува во Битола. Хејлшер на своето патување низ тогашното Кралство на СХС направил 1200 фотографии од кои избрал 191 слика за колекција со пејсажи, архитектура, носии и начин на живот во тоа време на овие простори. Направил посебен албум за фотографиите од Македонија, кои, покрај документарна имаат и уметничка вредност, бидејќи до израз доагаат носиите и амбиентот.