2win800x200

На барање на Прилепското Обвинителство, притвор во траење од 30 дена, одреди судија од Основниот суд во Прилеп, за 56 годишниот битолчанец Стевче Зика, поради постоење на опасност да се даде во бегство и можност да го повтори делото.​ Тој со писма се закануваше дека ќе ги убие помошник државниот помошник  секретар на САД Габриел Ескобар и обвинителите Вилма Русковска и Љубомир Јовески.

Преку препорачана пратка испратена  од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, Јавниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовевски, вчера доби закана по неговиот живот. Писмото со закана е напишано на македонски и на англиски јазик.

Битолчанец  добил закани со пиштол од непознато лице на среде улица. Заканувачот се уште непознат за полицијата. 

Во извештајот на СВР-Битола стои -На 04јуни во СВР Битола, С.Ј. од Битола пријавил дека истиот ден околу 21.30 часот на улица „Цар Самоил“, по вербална расправија, непознато лице му се заканило со пиштол и избегало од местото. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

30 годишен битолчанец со  иницијали А.С. е осмничен дека преку социјалните мрежи им се заканувал на пратеници во Собранието на РМ. Полицијата ќе му поднесе кривична пријава поради споделена објава на ФБ со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратениците и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

„Музејот на ВМРО не е ниту света, ниту важна, ниту битна работа, туку е само еден од многуте музеи во Македонија“, рече историчарот д-р Александар Литовски, откако на Собраниската седница за пратенички прашања, пратеникот Влатко Ѓорчев,  денеска од говорница му се закани на Литовски, но и на останатите членови на Работната група задолжена за преиспитување на општествената и стручната оправданост за постоење на Музејот на ВМРО, дека она што ќе го направат еден ден може да биде  дел од поставката на Музејот на ВМРО

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани