АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Учениците од средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ Битола, денеска го одбележаа Меѓународниот ден за борба против гладта. Медицинското училиште цела недела е вклучено во активности за тоа како да се подигне свеста кај младите за рационално третирање на храната и искоренување на гладта. Група ученици денеска со дел од професорите се собраа на едукативна и интерактивна работилница во еден од битолските расторани.
-Сакам да истакнам дека ова е еден сериозен светски проблем. Нашето училиште започна со активностите по повод Меѓународниот ден на храната и Денот на гладта и тие активности ќе траат до крајот на оваа работна недела. Денеска нашите ученици во оваа воннаставна активност ќе бидат запознати со повеќе информации за Денот на гладта, а ќе се водат и дискусии, бидејќи на тој начин ќе ја поттикнеме свесноста и хуманоста во борбата против гладта,што е светски сериозен проблем, а уште повеќе отежнат од климатските промени и нееднаквиот економски развој. Нашите ученици се застапени во овие работилници од прва до четврта година со едукација како да се помогне на социјално загрозените лица и како може да се искорени сиромаштијата преку учење и знаење, рече педагогот во Медицинското училиште во Битола, Милка Мицевска.
Фирми, поединци и родители веќе се вклучија со донации, работа и поддршка за реновирање на средното Медицинско училиште во Битола, со цел обезбедување понормални услови за одржување на наставата. Откако јавноста ја виде вистинската слика во каква состојба е доведено училиштето после 12 години директорување на кадар на ВМРО-ДПМНЕ, јавните апели на новото раководство за помош за реновирање на школото вродија со плод.