АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Имењаците од Горната гимназија, Давор Стефановски и Давор Георгиевски, ја воодушевија битолската јавност со емотивната изведба на хитот од рок бендот ,,Whitesnake" насловен како ,,Ain't no love in the heart of the city" (,,Нема љубов во срцето на градот") по повод патрониот празник на училиштето.
Во онлајн изведбата Давор Стефановски е вокален изведувач, а Давор Георгиевски свири на гитара. Двајцата талентирани гимназијалци досега настапувале скоро во сите приредби и настани на Гимназијата ,Јосип Броз- Тито" во Битола, откако се во школските клупи во ова училиште. Инаку, двајцата се од математички клас, трета година, но вљубеници во рок музиката.
Тодор Ивановски, кандидат за листата на пратеници на Македонски концепт во петтата изборна единица го поддржува создавањето на општинска установа за култура, но апелира во неа да не се згрижуваат партиски војници.
Киното „Манаки“ може да се додели на користење на фестивалот „Браќа Манаки“ , на националната Кинотека која во соработка со општината може да развива форми на презентација на културното наследство.
Да им помогнеме на здравствените работници во справувањето со корона кризата со тоа што ќе е однесуваме одговорно и ќе ги почитуваме препораките, порача Бисера Костадиновска, кандидат за пратеник од петтата изборна единица од Коалицијата на СДСМ.
Новата општинска установа од областа на културата ќе отвори простор за што подобра искористеност и одржување на Киното „Манаки“ и Офицерскиот дом во Битола, рече градоначалничката Наташа Петровска. За формирање на новата установа советниците ќе расправаат во четврток на седница на Совет.
„Со новата јавна установа за култура ќе отвориме простор за менаџирање на објектите кои ќе бидат ставени во функција, Киното ‘Манаки’ со оремата и сите зафати од над 200 000 евра што ги вложи оваа локална самоуправа и Офицеркиот дом кој се реставрира. Решивме дека најдобро ќе биде со поставување на менаџмент кој целосно ќе се грижи за објектите, заштитата, нивната самоодржливост, успешно функционирање, како и за нивниот придонес кон туризмот во Битола бидејќи имаме голем потенцијал, а за жал години наназад тој не бил искористен“, изјави градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Со болеста КОВИД-19 сме во пат позиција, тоа го покажува репродукциониот број R0 кој е еднаков на еден што значи дека бројот на новозаразени е во просек еднаков на збирот на оздравени и починати, покажуваат математичко- статистичките анализи на редовниот професор од Техничкиот факултет во Битола, д-р Дејан Трајковски.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, изјави дека АД ЕСМ планира да вложи напори да се прошири дејноста и обемот на работа на фирмата-ќерка ФОД-Фабрика за опрема и делови-Новаци, формирана со намена да ги задоволува потребите на РЕК Битола.
Градоначалниката Наташа Петровска бара вонредена седница на Советот на која ќе се одлучи да се донираат финансиски средства за доопремување на микробиолошката лабораторија во Центарот за јавно здрвје за дијагностицирање на КОВИД-19.
Се изведува реконструкција на ул. „Бранко Радиќевиќ“, а во текот на денот градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска изврши увид во инфраструктурните активности. Реконструкцијата се одвива во три фази. КЈП „Нискоградба“ работи на поставување на нова мешовита канализациона мрежа, a екипите на ЈКП „Водовод“ ја менуваат главната водоводна цевка и поставуваат соодветни приклучоци. Последната фаза од комплетната реконструкција на ул. „Бранко Радичевиќ“ опфаќа асфалтирање и партерно уредување на улицата.
На линкот подолу е анкета кој го испитува јавното мислење за состојбата со зеленилото во Битола. Анкетата е на студенти од ФИНКИ, а податоците наменети за проектна задача. Воедно, податоците што ќе се добијат на крајот ќе бидат објавени на нашиот портал.
Ги молиме читателите да издвојат некоја минута од своето слободно време и да ја пополнат.