2win800x200

Шо рече

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска упати честитка до учителите по повод 5 Октомври, Меѓународниот ден на учителот.

„Улогата на учителот во животот на децата е една од клучните за нивниот развој, за тоа како ќе се соочат со животните предизвици, но и за тоа како ќе се борат со нив. Токму затоа, во време на вака отежнати околности со кои се соочуваме – пандемија, уште позначајна е улогата на наставникот. Да се учат децата, да се вградуваат нови знаења од различни области, но и да се создаваат вредности во нив на толеранција, разумност, креативност, самодоверба, во вакви околности е бездруго за почит.

Од таму, упатувам длабок поклон до сите наставници за вложените напори и труд да останат достојни на својата професија, непоштедливо ангажирајќи се во исполнувањето на своите работни задачи.

Нека е честит Денот на учителот“, рече Петровска.

Денес во Битола пет новозаболени со ковид-19 , а само едно лице оздравено. Заболените се на возраст од 39 до 66 години, а од нив три лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт). Останатите две лица се меѓусебно не поврзани и не даваат податок за контакт со позитивно лице.

Апла: Вие сте единствениот национален обучувач во Битола за Националната платформа за учење на далечина која ќе се користи за време на оваа школска година. Што е вашата задача?

Н.Ш.: Национален обучувач подразбира да сте дел од тимот од 30 наставници од основните и средните училишта во земјава кои преку обуки ја добижуваат Националната платформа кон училишните обучувачи, а такви во нашата земја ги има 1615, тие пак, ја пренесуваат платформата, односно овој нов начин на онлајн настава, кон сите наставници и професори во училиштата. На 24 наставници доаѓа по еден училишен обучувач.

Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фб профил.

„Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста.За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан, и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот. Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна“, пишува во постот на премиерот Заев.

Во општина Битола од сите средни училишта согласност за целосно изведување на наставата со физичко присуство на учениците доби само земјоделското училишта „Кузман Шапкарев“. Дозволено му е да организира настава во две смени со физичко присуство на учениците од прва до четврта година.

Согласност за организирање настава за стручните предмети за соодветните видови подрачја со физичко присуство доби Државното музичко училиште во Битола. Но, не им е дадена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците за наставата по општообразовните предмети, теоретските предмети, солфеж, хор, оркестар и хорско пеење.

Ирена Ружин, иницијатор на проектите за пристапност во Завод и музеј Битола, е меѓу тројцата агенти за промени од Балканот за кои комуникологот Аида Миа Алиќ пишува во својот магистерски труд одбранет на универзитетот во Брајтон, Велика Британија.

 

Д-р Ирена Ружин е македонски претставник во Балканската група за пристапност на музеите и неколку години раководи со проектите за поголема пристапност на Завод и музеј Битола. Организираше тактилни изложби за лицата со оштетен вид да можат да ги запознаат најважните експонати од Музејот, аудионарации за глуви лица и видеа со знаковен јазик и автор е на тактилната публикација за Хераклеја со текст на Брајово писмо, од која беше избран и награден најдобриот тактилен постер на Балканот. Организираше и работилници со штитеници од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор од Битола. Овој концепт за пристапност е пресликан и во работата на Археолошкиот музеј во Скопје.

Вработените од ЈП "Стрежево" - Битола го одбележувaa Светскиот ден на чистењето со акција за чистење на акумулацијата Стрежево, која обезбедува вода за пиење и технолошка вода на општините Битола, Новаци и Могила. Акцијата се спроведе во соработка со Здружението „Go Green“.

Ноември месец 2018 , ден пред стемнување. Денот и ноќта се мешаа, како што понекогаш се миксира и нашиот животот, без наше барање. Со самото влегување во просторијата за коучинг, таа стана дел и од мојот. Седнува наспроти мене, личноста со широко отворени очи. Кога ќе поставам навидум непријатно прашање (додека меѓусебната комуникација ни кажува дека не е време да се отвори темата, која и двете знаеме дека стои како сенка во позадина) таа кажува нешто неважно. Има потреба да стекне доверба, да проговори, а сака искреност. ,,Додека губиме време,, и анализираме кои сме, чувствувам дека нема да е лесно она што ќе го каже. Немаш решение, а немаш одговор. Во суштина коучингот има прашања, кои генерираат ваши одговори, а насетувам дека очекува решение преку мојот одговор. А, тој го немам, не јас! Не, на начин каков што го замислуваше!

Се провлече тешка енергија низ просторијата. Тежеше и воздухот од нејзините усни: ,,Ме малтретира - проговори, и продолжи – размилував колку ќе биде лесно ако не постојам, одев и на психијатар”. Неколку минути владееше мртва тишина.

Прашав : ,,Имаш ли ти свои граници,,?

Х: ,,Немам,,!

Јас: ,,Кога би имала, која е твојата крајна граница,,?

Х: ,,Ја немам, не постои,,

Не беше нерешлив случај, таков нема. Денес веќе не е случај, но беше тежок нејзиниот ментален образец во кој целосно беше заглавена. Некогаш не постојат инстант решенија, затоа што и проблемите не настануваат инстант. Понекогаш многу брзо учиме, а тоа е случај само кога силно сакаме да си помогнеме себеси.

Затоа немојте да посакувате да сте во чевлите на некој друг, некоја паметна, интелегентна, средена, убава жена, вредна и толерантна, спремна да му помогне на секој, затоа што не знаете кој терет човек со себе го влече. Понкогаш не знаеме кои се нашите граници, но ако веруваме полека ќе се појават.

Поминуваат скоро две години од таа средба, кога ја зеде одговорноста за сопствениот живот во свои раце. Сеуште сме во контакт. Излегувајќи од образецот на жртва таа дозволи универзумот да ја одвои од партнерот и тоа безболно. Ако кажеме дека е слободна како птица ќе згрешиме. Сеуште е повредена и чекори низ тие калливи дупки, но се сака себеси, својот живот, децата, природата, работата и најважно од се си дозволи да биде своја со свои граници, кои ги почитува.

Ова е дел од нејзиното искуство кое ме замоли да ви го пренесам. Сега за себе знае дека не сака да ги оживува билките кои се веќе мртви, ама вели дека е таа во оние кои расцветуваат. И верувам, и тоа од првиот момент кога зачекори кај мене. Понекогаш верувањето е единственото нешто кое ни е потребно, за се друго сме способни сами.

Пишува: Билјана Галовска, НЛП тренер и професионален коуч

Патот низ планинскиот превој Плетвар, најпроблематичниот дел од сообраќајната врска меѓу Битола и Скопје, засега нема да биде дел од автопатското решение, туку ќе се прошири со трета лента. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денес изврши увид врз реконструкцијата на улицата „Партизанска“ во Битола, запрашан кога битолчани ќе добијат автопат за Скопје рече дека се работи проектна задача за автопат од Битола до Прилеп, за двете делници од Прилеп до Градско распишан е тендер и се водат преговори за други фирма оти со претходните изведувачи имаше доста проблеми, а Плетвар останува да се прошири со трета лента.

Реконструкција на влезот на Битола од страната на Охрид кон Довлеџик, како и на потегот од Трново до Магарево. За ова се обезбедени средства со ребалнсот на буџетот на Општина Битола, во чии рамки беше направена промена на неколку развојни програми. Со нив освен влезот и патот во Подпелистерието опфатени се и реконструкција на Индустрискиот пат, улицата „Втори Август“ за која се чека одобрување и парнерно уредување на Офицерскиот дом.

“Сите тие се влезени како развојни програми за кои од буџетот ќе се трошат средства и оваа и следната година. Влезот ќе се подели во две фази, едната од кадешто завршува Довлеџик до мостот, а потоа од мостот до влезот кон Пелистер. Тој дел во следниот период убедени сме дека ќе се направи бидејќи се при крај сите постапки“, рече Валентин Груевски, претседател на Советот.valentin

Реконструкција на влезот на Битола од страната на Охрид кон Довлеџик, како и на потегот од Трново до Магарево. За ова се обезбедени средства со ребалнсот на буџетот на Општина Битола, во чии рамки беше направеа промена на неколку развојни програми. Со нив освен влезот и патот во Подпелистерието опфатени се и реконструкција на Индустрискиот пат, улицата „Втори Август“ за која се чека одобрување и парнерно уредување на Офицерскиот дом.

“Сите тие се влезени како развојни програми за кои од буџетот ќе се трошат средства и оваа и следната година. Влезот ќе се подели во две фази, едната од кадешто завршува Довеџик до мостот, а потоа од мостот до влезот кон Пелистер. Тој дел во следниот период убедени сме дека ќе се направи бидејќи се при крај сите постапки“, рече Валентин Груевски, претседател на Советот.

На денешната седница на Совет опозицијата критикуваше дека власта се фали со изградба на патишта, а има слаба реализација во сооветните ставки.

„Ветуваа дека ќе изградат 120 улици во Битола, а одржување и заштита на локални патишта и регулација на сообраќај само 18 проценти реализација на програмата. Програма изградба на јавно осветлување само 4, 02 проценти, Програма изградба на системи за водоснадување 1.9 проценти, Програма изградба и реконструкција на локални патишта и улици 13,19 проценти. Со ребалансот се прават дополнителни нелогичности. Во делот на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 13,19 проценти реализација, а со ребалансот дополнителни 12,9 милиони денари се предвидени. Се обидуваат преку измени на бројките да ја избегнат одговорноста пред граѓаните, а уште понелогично е што планираат да градат патишта и улици, а во Програмата за изградба за системи за водоснабдување намалуваат. Како планираат да градат нови патишта без да градат системи за водоснабдување“, рече Иванчо Тошевски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалничката Наташа Петровска запрашана од новинарите за обвинувањата на опозицијата дека не виделе багери да го раскопаат градот, рече дека тоа што не гледат е нивен проблем. Но, факт е дека имаат реализирано еден милион евра во инфраструктурни зафати.

„Денес со ребалансот на буџетот се лоцирани средства дури и за реконструкција на патот на потегот Трново-Магрево што е над 25 милиони денари, за што градежната дозвола е веќе извадена. Досега имаме релизирано ифраструктура над 1 милион евра , но дел од тоа не е влезено во денешниот квартаен извештај зашто оние кои се извршители на работните обврски ги немаат доставено фактурите. Секаде каде што влеговме со инфраструктурни зафати во изминатиот период, реакцијата на граѓаните е дека тоа не е направено по 30 до 40 години. Опозицијата имаше време 12 години да направат нешто повеќе за Битола, па немаат кредибилитет, ни легитимитет да зборуваат уште повеќе за нашиот град“, рече Петровска.

Заврши реконструкцијата на првата делница од улицата „Илинденска“ во должина 200 метри, покрај Еврејските гробишта, соопштија од Општина Битола.  

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска изврши увид во теренските активности, а од страна на изведувачите и надлежните лица од Општината за овој проект, беше информирана дека асфалтирањето ќе биде изведувано по делници, онака како што се комплетираат сите активности.

Целосната конструкција на улицата „Илинденска“ во Битола во должина од 2131 метар е инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, од кои 530.000 евра општински средства. ЈКП „Водовод“ е задолжен за изведба водоводните приклучоци во висина од 3,6 милиони денари, КЈП „Нискоградба“ за канализационите приклучоци во вредност од 6,9 милиони денари, додека коловозот е во висина од 22 милиони денари.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вечерва, по седницата за избор на новата Влада во Собранието на Република Северна Македонија даде изјава за медиумите во кои ги наведе вредностите и принципите од кои ќе се води новата Влада во следниот четиригодишен мандат.

„Северна Македонија доби нова, мала, ефикасна и одговорна Влада, подготвена да работи и да сработи посветено, исклучиво согласно интересот на граѓаните и државата. Им благодарам на пратениците од демократското мнозинство кои ја препознаа важноста и потребата од нова одговорна Влада и кои ни ја дадоа довербата да ги водиме институциите. Во следните четири години со сите ресурси ќе дејствуваме за да ја оправдаме довербата на пратениците, односно на граѓаните кои го доделија мандатот на пратениците.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани