
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
100 000 Македонци живеат во Германија, а секојдневно работни визи бараат од 80 до 100 лица, но ние сакаме развојот да е во насока тие не само да ја напуштаат својата земја, туку да се вратат дома и тука да ги применат знаењата и искуствата, рече германскиот амбасадор Томас Герберих при денешната посета на Битола.
Со уредување на тротоарите на улицата „8ми Септември“ , односно влезот во Битола од страната на Прилеп, деновиве завршува реконструкцијата на оваа фреквентна сообраќајница, по што ќе следи хоризонтална и вертикална сигнализација. Истовремено се уредува и тротоарот на улицата „Булевар 1 ви Мај“, под Музичкото училиште, информираат од локалната самоуправа.
-Во рамките на инфаструктурните активности, на улицата „8ми септември“ се уредува тротоарот, а паралено со оваа локација, се уредува и тротоарот под Музичкото училиште. Двете локации имаат опфат од 600 метри, за што од буџетот на Општина Битола се издвоеи 1 милион денари за спроведување овие активности, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Реконструкцијата на северниот главен сообраќаен влез во Битола започна во април, при што беше променета и канализационата мрежа, а нов асфалт е поставен во должина од 2,5 километри. За реалзиација на овој проект Општина Битола издвои 8,5 милиони денари, а допoлнителни средства се обезбедени и од ЈП за државни патишта.
Градончалничката Петровска информираше дека се очекува сите започанти инфраструктурни зафати во Битола и некои рурални населби да завршат до крајот на оваа градежна сезона.
-Покрај овие инфраструктурни активности, во тек се и останатите, а со завршувањето на оваа градежна сезона, во ноември сите зафати ќе бидат затворени. Во зависност од тоа како ќе овозможуваат временските услови,така ќе се движиме со инфраструктурните зафати, рече Петровска.
Паралелно, се работи и на магистралниот пат Прилеп-Ресен, на обиколницата над Битола, а во поголемиот дел на оваа делница поставен е нов асфалт. Оваа реконструкција ќе чини околу 1,5 милиони евра, а се очекува градежните работи да бидат завршени и пред предвидениот рок од осум месеци.

Жежовска е професорка по германски јазик, но во претставата „Меѓу нас е тивко“ се јавува и како актер во Младинската секција при Интимен театар во Битола. Иако млада, секцијата е доволно возрасна за преку театар да проговори за најгорливите проблеми на Битола кои со години наназад беа премолчувани во повеќето театарски претстави во градот.
Неколку автобуси на МИГ травел од Битола , вечерва се паркирани на улицата „Булевар 1 ви Мај“, веднаш наспроти општинската зграда па се до зградата на Ректоратот.
Градоначалничката Наташа Петровска денеска рече дека останува отворена за разговори со превозниците, но нема да прифати условувања, ниту пак да отстапи од некои ставови што ќе значат решение за училишниот превоз.
Советот од дневен ред ги повлече точките за организирање на превозот и измените на тарифникот откако превозниците денес излегоа на протести против измените во цените за првоз на учениците. На почетокот на седницата, на која присуствуваа и превозниците, повлекување на точките предложи претседателот на Советот, Валентин Груевски со образложение дека треба да се остави простор за изнаоѓање на решение кои ќе им одговара и на Општина, и на превозниците, и на учениците. Но, рече дека тоа треба да бидат разумни цени зашто нема да се дозволи превозот до Новаци и назад да чини 400 денари по ученик.
Со паркирање на автобусите на едната возна лента од булеварот „Први Мај“ каде се наоѓа и општинската зграда девет битолски превознички компании протестираа против најавените измени во тарифникот за превоз на ученици. Тие денес не ги возеа ни редовните линии на градскиот превоз. Превозниците велат дека новите цени им се економски неисплатливи.
Возило на Управара за јавни приходи од Битола отпревртено е во реката Драгор во близина на управната зграда на УЈП, а друго на паркингот крај реката е удрено и оштетено, дознава Апла.мк
Возилото ,,фијат панда" што се наоѓа во Драгор е отпревртено на покривот, искршена е каросеријата, а внатре се гледаат и документи.
Другото оштетено возило е на паркингот крај реката и од удар на друго возило е поместено од првичното место каде што било паркирано.
Ниту еден советник, не само од власта, туку и од опозицијата не гласал против новиот тарифник за општинскиот линиски превоз на расправите на Комисиите за финансии и буџет и за јавни и комунални дејности при општинскиот Совет, што се одржаа вчера, потврдува за апла.мк претседателот на Советот, Валентин Груевски.