
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола на гласање излегле 27 739 лица или 33,77 проценти од 82 131 гласачи запишани на избирачкиот список, објави ДИК по обработката на сите гласачки ливчиња од сите 170 гласачки места во општината.
Од нив дури 89,59 проценти или 24 852 гласале „за“, а само седум проценти или 1941 „против“.
Старите азбестно- цементни цевки на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“ во Битола се заменуваат со нови полипропилентски цевки, по што комплетно се менува водоводна инстраструктура со приклучоците.
Група од стотина граѓани вечерва се собра на плоштадот Магнолија пред споменикот на Филип Втори и славеа што на референдумот за промена на името не успеа да се постигне цензусот. Тие носеа македонски знамиња и ја пееја песната „Едно име имаме“.
Апла.мк неофицијално дознава дека на референдумот во Битола излегле околу 27 450 гласачи, од кои околу 25 550 или околу 93 проценти гласале „за“, а 1900 „против“ или 6,92 проценти.
Според досегашните резултати објавени од ДИК, од обработени 5110 гласови во Општина Битола над 90 проценти гласале „за“, а над 6 проценти биле против. Ова не се конечни резултати зашто имаат сѐ уште податоци за обработка.
До 18,30 часот од 82 131 гласач во општина Битола гласале 32.73 проценти, соопшти ДИК. Според ова, своето гласачко право го искористиле 26 855 битолчани.
Најголема излезност на гласањето за референдум е забележана на гласачките места во месностите Градчето Пејтон, Стевче Патако, училиштето „Кирил и Методиј“ и кај Гроздот, а од селата во Лера, покажуваат резултатите на ДИК. Најмала излезност има во селото Ново Змирнево, Драгош, Ѓавато и Габалавци.
До 17 часот во Битола излезноста е 27,63 проценти, односно на гласање излегле 22.675 граѓани со право на глас, објави ОИК. Во Општина Новаци излезноста е 24,43 %, а во Општина Могила до 17 часот на гласање излегле 16,58 проценти од граѓаните.
Од канцеларијата на народниот правобранител и од битолската полиција информираат дека досега кај нив нема пријави за нарушување на гласачкото право. Исто така за мирен референдумски ден потврдуваат и од ОИК, од каде велат дека до нив не пристигнал ниту еден приговор од избирачките места.
Излезноста на гласачите во Битола до 15 часот достигна 23, 51 проценти , потврдуваа од ОИК. Додека во Општина Новаци излезноста е 18, 21 %, а во Општина Могила до 15 часот на гласање излегле 11,74 проценти од граѓаните.
Инаку денешниот референдумски ден во Битола поминува во мирна атмосфера, без регистрирани нерегуларности на сите 170 гласачки места во општината. Од канцеларијата на народниот правобранител во Битола и од СВР-Битола, информираат дека досега не е пријавена повреда на гласачкото право.
Велика Новевска од општина Новаци на 91 година излезе да гласа. На гласачкото место 161 се појави заедно со снаата која пак со штаки дојде на гласање зашто ја имала повредено ногата.
„За години не прашувајте, девеесетката ја заминав, но должност ми е да си го оставрам своето гласачко право. Гласаме и за помладите и за нас да биде добро“, рече баба Новевска.
До 13 часот во општина Битола излегле 16,7 проценти од гласачите или вкупно 13 704 гласачи од 82 131 граѓани, соопштиja од ОИК. До сега гласањето е мирно и без инциденти.
Во Демир Хисар излезноста до 13 часот беше 15,7 проценти.
Во Новаци 13 проценти, а во Могила 7,04 проценти.