
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЗБОГУМ НА ЛИЧНОСТА ШТО ЈА ГРАДЕШЕ АТЛЕТИКАТА ВО БИТОЛА
Денеска беше свечено откриен споменикот на хероите Македонци од Туминец, Преспа и Мала Преспа. На настанот присуствуваше и градоначалникот Тони Коњановски.

Битолските планинари во чест на МУРАТОТ! Планинарски Спортски Клуб Пелистер во чест и слава на нашиот Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест денес го организира 37-тиот Традиционален планинарски марш. Истиот се одржува на Пелистер. 
Муратот е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици. Во својата богата алпинистичка кариера се има искачено на повеќе планински врвови.
Во негова чест на Пелистер подигнато е спомен-обележје. Посмртно ја има добиено наградата Медал за заслуги за Македонија (А. Б)
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денес беше на средба со пелагониските земјоделци од Општина Могила. Филипче објави дека со земјоделците, сточарите во Могила, Пелагониско, разговарале за проблемите со кои се соочуваат "поради погубните политики на власта" . Филипче вели на сред криза владата на ВМРО ги остави сточарите сами, без никаква поддршка. 

