Анета Блажевска

Анета Блажевска

АМБАСАДОРКАТА НА САД ВО ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

 
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски денеска имаа средба со Никол Варнс вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД во Македонија, која е во прва официјална посета на Општина Битола.
 
На средбата беа констатирани добрите пријателски односи на Македонија со стратешкиот партнер САД.
 
Коњановски и Димитровски во срдечен разговор со неа разменија мислења за актуелните состојби во земјава, ја запознаа со Битола градот на културата, традицијата, историјата, истакнувајќи ги можностите за продлабочување на соработката на сите полиња. FB IMG 1778147257730
 
Градоначалникот Коњановски и подари пригоден подарок во знак на пријателството меѓу двете земји и двата народи, спомен кој ќе ја потсетува на нејзината прва официјална посета на Општина Битола.

ВОДОВОД БИТОЛА СО СООПШТЕНИЕ -  Утре 07.05.2026 (четврток), поради изведба на реконструкција на водоводна линија на ул."210-та" , со прекинато водоснабдување ќе останат корисниците на ул."Лавчански пат" ,на потегот од црквата Св.Благовештение кон село Лавци, во периодот од 09:00 часот па се до завршување на работата.

 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани