Анета Блажевска

Анета Блажевска

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА НА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ШВЕДСКА

 
Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски денеска го прими Ола Сулстром, Амбасадор на Шведска во Република Македонија, кој е во официјална посета на Општина Битола.
 
Разменија мислења за билатералните односи меѓу двете земји, а градоначалникот Коњановски го запозна со Битола градот со богата историја, култура, туристичката мапа и убавините на градот под Пелистер, како и економските потенцијали кои ги нуди Битола и кои се привлечни и за странски инвеститори.
 
Денеска и градоначалникот и амбасадорот ќе бидат говорници на Националниот настан за вмрежување на Локалните економско-социјални совети (ЛЕСС) со наслов „Праведна енергетска транзиција во Пелагонија – нови вештини, иновации и одржлив економски развој“.
 
Коњановски му подари пригоден подарок на високиот дипломат, а тој се заблагодари за гостопримството.

Во Битола денеска свечено се отвора обновената Хаџи Махмут беј Џамија во Старата битолска чаршија. Џамијата. Објектот е обнивен со средства од Република Турција. На свеченоста најавено е вклучување на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган на видео бим. (АБ) IMG 3f16a41066e1971f6039efc8f154726e V

ОВОЈ ВИКЕНД „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ И ВО ОПШТИНА БИТОЛА

 
Пред нас е уште една акција на „Генералка Викенд“ која годинава ќе се одржи од 8 до 10 мај и во Општина Битола.
Акцијата под официјалното име „Генералка Викенд“ започна во 2021 година и со годините прерасна во најголемата еколошка иницијатива во Македонија која истовремено се одвива во голем број општини.
 
Главна цел е отстранување на отпадот од јавните површини, парковите и дивите депонии во градот и околината.
Но, целта на „Генералка викенд“ не е само собирање на отпадот, туку нешто многу подолготрајно како што е и поддршка на процесот на селекција и рециклирање, поврзувајќи ги граѓаните со локалните комунални претпријатија и приватните собирачи на отпад.
 
Подигнување на јавната свест преку масовноста (учество на училишта, администрација и волонтери), целта е да се промени менталитетот и да се поттикне грижата за животната средина како секојдневна навика, а не само како викенд настан.
 
Од Општина Битола годинава вклучени се 15 училишта, основни, средни, градинки, здруженија, културно уметничко друштво, средношколски дом, а определени се 12 локации, односно диви депонии.

Денес се празнува Ѓурѓовден, празник во чест на Свети великомаченик Георгиј Победоносец, празникот на обновувањето на природата и на животот воопшто

Овој славен и победоносен светител беше роден во Кападокија од богати и благочестиви родители. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина.
Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта година го стекна чинот трибун и како таков служеше при царот Диоклецијан.

Кога овој цар започна страшно гонење на христијаните, Георгиј истапи пред него и одважно исповеда дека е христијанин. Царот го фрли во затвор, па нареди нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен.
Потоа нареди и го врзаа на тркало под кое имаше штици со големи клинци и така го вртеа додека целото тело не му се направи една голема рана. По ова го закопа во ров, така што надвор од земјата му беше само главата и го остави во ровот три дена и три ноќи.
Потоа со помош на некој магионичар му даде да испие смртоносен отров. Но, при сите овие маки Георгиј непрестајно Го молеше Бога и Бог веднаш го исцелуваше и на големо одушевување на народот, го спасуваше Својот маченик од смртта.

Кога Св. Георгиј воскресна, тогаш многумина ја примија верата во Христа. Меѓу овие беше и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Балериј, Донат и Терин.
Најпосле царот ги осуди Свети Георгиј и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивна на губилиштето пред да ја убијат, а Свети Георгиј го убија во 303 година.

Безбројни се чудата што се јавија на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден.

Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6 мај според новиот или на 23 април според стариот календар. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка и др. Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар. Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем претхрстијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден па и во народната пена се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период. Свети Георгиј е погубен на 6 мај (23 април) според некои извори 303 година и секоја година на овој датум Светата црква го празнува споменот на својот Великомаченик. Освен овој празник нашиот народ го празнува и 16/3 ноември денот кога е обновен храмот на св. Георгиј и овој празник е познат како Ѓурѓиц.

Главни обичаи за време на Ѓурѓовден се: – Плетење на венец од растенија – Миење со водата во која се потопуваат растенија – Бањање во река. Ноќта, наспроти Ѓурѓовден, некој од домашните ќе скине зелени гранки во најблиската шума и со нив ги закитува вратите и прозорите на куќите и останатите простории, како што се влезните порти и капии. Ова се прави (според христијанското верување) поради тоа да годината и домот бидат “бериќетни“ – “да има здравје, плодови и род во домот, полето, во трлата и шталите“. Исто така се плетат венчиња од “ѓурѓевско цвеќе“: ѓурѓевка, млечка и други, и со нив се закитуваат влезните врати на дворот и куќата. Тие венци стојат над вратата цела година, до следниот Ѓурѓовден. Наспроти Ѓурѓовден, домаќинката во сад полн со вода става разни пролетни растенија: дрен, па потоа здравец и на крај грабеж , црвено јајце и пазикуќа, а потоа тоа се става под ружа во градината да преноќи. Наутро сите се мијат со водата: (според христијанското верување) децата – “за да бидат здрави како дрен“, девојките – “момчињата да се грабат за нив“, старите – “да бидат здрави“, домаќинот – “куќата да му биде добро чувана“ итн. Секој според своите потреби и желби. Од голема важност е и бањањето во река, пред изгревот на сонцето (понекогаш во реката се фрлаат и венци од цвеќе или се истура млеко).

КЈП Нискоградба Битола ја известува јавноста дека утре 6 мај ќе работи на изведба на пруклучок за вода на улицата "Љубојно" во Битола  пред куќниот број 35. За време на изведбата на градежните работи ќе има прекин на сообраќајот од 7 до 15 часот. ЈКП Нискоградба апелира до граѓаните да покажат разбирање за ситуацијата се до изведување на градежните работи. 

ПЕЛИСТЕР-ЧЕТИРИСЕЗОНСКИ ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР

 
Денеска се одржа 3-та работилница за изработка на физибилити студијата за изградба на гондола на „Пелистер“.
На работилницата беше презентирана нацрт верзијата на деталната анализа од подготовката на физибилити студијата од страна на домашни и странски експерти кои доаѓаат од Франција, Андора и Словенија. FB IMG 1777981017729
 
„Пелистер да биде четирисезонски туристички центар, не само од регионално, туку од национално значење. Условите се одлични, треба да се направи туристичка инфраструктура која ќе им овозможува на сите луѓе да имаат пристап на Пелистер“ рече Франц Фурлани, експерт од Словенија.
 
Анализите покажале дека средствата кои би се вложиле брзо може да се вратат. Вредноста на изградбата на гондолата би чинела околу 58 милиони евра. Почетната точка е некаде кај Цапари до Ловечка куќа, а другата траса од Ловечка куќа до Антена.
Едната гондола би била за 10 луѓе до Лочевчка куќа, а поголемата за 80 луѓе до врвот на Пелистер.
 
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кажа дека изградбата на гондолата би била само еден дел во системот на четисезонскиот туризам на Пелистер како национален парк.
 
„И овој проект како што слушнавте и самите, не е само локален, општински, ниту регионален, туку можеби треба да биде национален, што ќе значи многу за развојот на овој прв национален парк во Македонија, што ќе го заживее регионот и државата во секој случај, станува збор за голем проект“ рече градоначалникот Коњановски.
 
Тој кажа дека основно е да се зачува животната средина, да се зачува биодиверзитетот, но секако да се даде нова содржина во делот на развојот на туризмот, што овој регион го нуди.
 
Директорот на националниот парк „Пелистер“ Иванчо Тошевски кажа дека експерската група составен од домашни и странски стручњаци цело време беше во соработка со националниот парк „Пелистер“. FB IMG 1777981012919
 
„Ова што денеска го гледаме како финален документ, како финална верзија е во рамки со светските трендови, значи она што е во делот на развојот на еко активниот туризам, а од друга страна во содејство со она што беше кажано дека туристичките економски зони ќе се развиваат надвор од националниот парк,  додека ќе се планираат само активностите кои што ќе бидат сериозна туристичка понуда би се реализирале внатре во националниот парк“ рече Тошевски.
 
Експерите кажаа дека подготовката на  планската документација бара неколку години, а реализацијата на терен покусо време.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани