2win800x200

Завршена е реконструкцијата на три тетовски улици, уште две го чекаат летото

Март 01, 2022

Ветување: Завршување на сите отворени патни инфраструктурни работи во Општина Тетово

[Извор:  Официјална Фејсбук страница на Општина Тетово; Датум: 16.11.2021]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами дека во првите 100 дена од неговиот мандат ќе бидат завршени сите започнати патни инфраструктурни работи од претходната локална власт, е делумно исполнето. Проверката на „Вистиномер“ покажа дека од вкупно пет сообраќајници во Тетово за кои беше почната реконструкцијата во моментот кога Касами го даде ветувањето (16.11.2021), досега (25.02.2022) се завршени само три.

Откако поминаа 100 дена од мадатот на новата локална власт на терен проверивме дали започнатите инфраструктурни проекти во Тетово се реализирани.

Тогаш кога Касами го даде ова ветување (на прес- конференцијата на 16 ноември 2021 г.)  во фаза на реализација беа пет проекти –  се изведуваше реконструкција на четири улици во Тетово и пробивање на дел од булеварот „Благоја Тоска“.

Сега (25.02.2022) на терен забележавме дека се завршени три инфраструктурни зафати:

  • улицата „Димо Гавровски Кара“, на потегот од Клиничката болница Тетово до улицата „Дервиш Цара“
  • улицата „Јане Сандански“, на потегот од улицата „Дервиш Цара“  до улицата „29 ноември“ (со забелешка дека сè уште не е поплочен цел тротоар долж улицата)
  •  улицата „Гоце Делчев“ во стариот дел на градот.

Овие три сообраќајници се целосно реконструирани – асфалтирани и со подземна инфраструктура.

улица „Димо Гавроски Кара“ Фото: Вистиномер
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/foto-vistinomer-jane-sandanski-768x576.jpg 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/foto-vistinomer-jane-sandanski-86x64.jpg 86w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/foto-vistinomer-jane-sandanski.jpg 960w" alt="" width="300" height="225" class="wp-image-120965 size-medium b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto;" />
улица „Јане Сандански“ Фото: Вистиномер
улица „Гице Делчев“ Фото: Вистиномер
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/foto-vistinomer-probivanje-na-blagoja-toska-768x576.jpg 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/foto-vistinomer-probivanje-na-blagoja-toska-86x64.jpg 86w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/foto-vistinomer-probivanje-na-blagoja-toska.jpg 960w" alt="" width="350" height="263" class="wp-image-120977 b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto;" />
Пробивање на улицата „Благоја Тоска“
Фото: Вистиномер

Но, реконструкцијата на улицата „Страшо Пинџур“, исто така,  започната  во времето на претходната локална власт,  сè уште тапка во место.

Во моментот таму нема градежни активности,  на терен не забележавме ниту градежна механизација.

Градоначалникот на Тетово,  Касами на прес- конференцијата за отчетот за сработеното во првите 100 дена од мандатот, на прашањето на „Вистиномер“,  кога очекува да биде завршена реконструкцијата на улицата „Страшо Пинџур“, изрази надеж дека тоа ќе се случи ова лето.

На оваа улица се увидени неколку проблеми во делот на подземната инфраструктура. Тендерот за канализација и за вода веќе е во процедура. Кога ќе се завршат тие процедури, значи кога ќе успееме да ги реализираме подземните работи, за да нема потреба после асфалтирање пак да интервенираме, ќе се продолжи со асфалтирањето. Се надеваме дека налето сè ќе биде завршено, рече Касами.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/foto-vistinomer-probivanje-na-blagoja-toska-768x576.jpg 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/foto-vistinomer-probivanje-na-blagoja-toska-86x64.jpg 86w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/02/foto-vistinomer-probivanje-na-blagoja-toska.jpg 960w" alt="" width="350" height="263" class="wp-image-120977 b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto;" />
Пробивање на улицата „Благоја Тоска“
Фото: Вистиномер

За пробивањето, пак, на дел од булеварот „ Благоја Тоска“, Касами уверува дека на оваа сообраќајница ќе продолжи да се работи, кога климатските услови ќе бидат постабилни.

Имајќи предвид дека од вкупно пет тетовски сообраќајници на кои беше започната реконструкцијата, само три се завршени, ветувањето на Касами дека во првите сто дена од градоначалничкиот мандат, ќе се завршат сите почнати патни инфраструктурни работи, го оценуваме како делумно исполнето.

ИЗВОРИ:

Оцени: Зоран Димовски

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto; margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани