2win800x200

Општина Охрид додели стипендии за ученици и студенти со ретки болести и посебни потреби

Март 12, 2022

ВЕТУВАЊЕ: Стипендии за ученици и студенти со ретки болести и посебни потреби.

[Извор: Официјална веб-страница на Општина Охрид; Официјален Фејсбук профил на градоначалникот Кирил Пецаков; Датум: 03.12.2021 г.]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: 

Градоначалникот  на Охрид, Кирил Пецаков  набрзо по доаѓањето на функцијата вети стипендии за ученици и студенти со ретки болести и посебни потреби. Ова ветување на охридскиот градоначалник  е исполнето.

Споменатата мерка којашто се однесува на ученици, студенти, магистранти и докторанди со ретки болести и посебни потреби, кои учат и студираат во државни и приватни училишта односно универзитети, Пецаков ја најави  на  3 декември минатата година по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

За намерата на локалната самоуправа да додели стипендии за школување за лицата со ретки болести и посебни потреби, Пецаков соопшти и на неговиот официјален Фејсбук профил:

Донесовме одлука од наредна година за првпат да доделуваме стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанди со ретки болести и посебни потреби, кои учат и студираат во државни и приватни училишта односно универзитети.
Иницијатор на оваа мерка е Здружението ,,Ретко е да си редок’’ кое работи на проекти и програми за поддршка и инклузија на лицата со ретки болести.
Стипендиите значително ќе им помогнат на децата и младите од оваа категорија и ќе им овозможат остварување на поголеми образовни успеси, напиша тој на Фејсбук.

На 12 јануари Општина Охрид  распиша јавен повик за доделување стипендии за лица со ретки болести и посебни потреби – ученици, студенти, магистранти и докторанди.

На крајот на минатиот месец (24 февруари) беа објавени добитниците на училишни и студентски стипендии за лицата со ретки болести и посебни потреби.

По претходно распишан конкурс,  Општина Охрид доделува ученички, студентски како и стипендии  за лица запишани на магистерски и докторки студии на државните и приватните училишта и универзитети во Р. Македонија, а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби во Општина Охрид.  Стипендијата се доделува за период од 9 месеци во учебната 2021/22 година, соопшти локалната самоуправа.

Според Решението на градоначалникот на Општина Охрид,  доделени се стипендии за 31 лице – ученици, студенти, како и магистранти и докторанди со ретки болести и посебни потреби, кои учат и студираат во државни и приватни училишта односно универзитетиТие ќе бидат стипендирани во период од 9 месеци во учебната 2021/22 година, а месечниот износ на стипендијата изнесува 1.500 денари за ученици и 3.000 денари за студенти, магистранти и докторанди.

Деновиве (03.03.2022г.) беа доделени договорите за стипендирање на избраните ученици и студенти со ретки болести  и посебни потреби. 

Оваа поддршка значи почеток на една поголема соработка и обезбедување подобри социјални услови за лицата со ретки болести и посебни потреби, како и за нивните семејства, рече градоначалникот Пецаков.

Вакви стипендии локалната власт доделува првпат, тие се воведени во Програмата за социјална и здравствена заштита на Општина Охрид и се финансирани од општинскиот буџет.

Имајќи предвид дека се избрани добитниците на стипендиите, како и тоа дека со нив се потпишани договорите за стипендирање, ова ветување на Пецаков го оценуваме како исполнето.

ИЗВОРИ: 

Оцени: Соња Рилковска


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto; margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани