АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Учениците од средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, со поддршка на нивниот професор по македонски јазик, Никола Трајковски, подготвија театарска претстава која беше изведена во Народниот театар во Битола. Драмата „Чорбаџи Теодос“ беше преработена во „Господин Теодос Мемето“, каде се обработени општествени теми и проблеми актуелни и за денешницата.
Оваа претстава во режија на ученичката Јована Ѓерасимовска, собра 110 млади луѓе во Малата сала на Центарот за култура и имаше одличен прием кај присутните кои беа пријатно изненадени.
Улогите во претставата ги толкуваат учениците Симона Коруновска, Александара Трајковска, Аница Атанасовска, Тина Стојаноска, Марио Вељановски, Љупка Цветкова, Магдалена Мајсторовска, Викторија Дејаноска, Благица Стојкоска, Ангела Петрова и Ангела Лозановска.
По успешната премиера учениците планираат да продолжат со активности во драмскиот клуб и развој на потребните вештини.