2win800x200

Без довербата на граѓаните во судството не може да има правна држава и добро владеење

Мај 17, 2022

Основачките вредности на ЕУ ги вклучуваат владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Ефективно, независно, квалитетно и ефикасно судство и ефикасна борба против корупцијата се од витално значење за правилно функционирање на една земја. Сепак, нашата земја очигледно е далеку од исполнувањето на овие вредности. Вистински показател за ваквата состојба е слабата доверба на граѓаните во правосудниот систем и критиките што земјата ги доби во Извештајот за напредокот објавен од Европската комисија, пишува Порталб.мк.

Автор: Шефкије Аласани

Довербата е најважната вредност во правосудниот систем. Не може да има правна држава и добро владеење доколку граѓаните не веруваат дека нивните избраници во правосудството работат професионално и пред се чесно. Довербата на граѓаните на РМВ во судството е многу ниска, а оваа вознемирувачка реалност беше одразена и во најновата анкета на ИРИ (Меѓународен републикански институт) во која само 3% од испитаниците рекле дека веруваат во судството, 30% рекле дека веруваат до одредена степен додека 42% рекле дека воопшто не им веруваат на судовите и генерално на судскиот систем. Според истражувањето на ИРИ, прилично ниска е и довербата во Јавното обвинителство. Владеењето на правото во едно демократско општество значи дека сите поединци и институции се еднакви пред Законот и Уставот, но ова уверување од година во година се намалува во нашето општество.

 

За ниската доверба во судовите во земјава, неодамна остро и без дипломатски ракавици зборуваше американската амбасадорка во Скопје Кејт Барнс. Таа се осврна на а најновото истражување на Евротинк каде што се вели дека само 8% од граѓаните имаат доверба во судството.

Не е тајна дека јавноста не верува во правосудството. Јасно е дека има многу работа што треба да се направи, вклучително и реформи во правосудството и зајакнување на институциите, но треба да се решат и перцепциите – луѓето треба да видат и почувствуваат дека системот функционира. Граѓаните треба да се уверат дека нивниот случај ќе биде разгледан од неутрален и независен суд во разумен рок. Ова е основен принцип во секоја слободна и функционална демократија“, рече Барнс на меѓународната конференција за правосудството „Независноста на судството низ реформскиот процес – очекувања и реалност“ во Скопје.

Амбасадорката на САД додаде дека за да се придобие почитта од граѓаните, судството мора да биде ефикасно, независно и подеднакво да го применува законот за сите.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/05/konf-300x202.png 300w" alt="" width="702" height="472" class="wp-image-127307 size-full b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto; display: inline-block;" />
Конференција „Како да се врати довербата во судството“, организирана од групата „Блу принт“ / Извор на фотографија: www.facebook.com/bluprint.group.for.judicial.reforms

На конференцијата на тема- Како да се врати довербата во судството организирана од групата „Блу принт“ граѓански организации за реформи во правосудството, беше речено дека овој сектор се соочува со многу предизвици и треба да се направи многу повеќе за да има конкретни резултати. Судовите ја започнаа 2021 година со околу 98.000 заостанати предмети од претходната година и над 500.000 нови предмети. Годината заврши со над 95 илјади нерешени предмети, а 5000 се вратени од почеток.

Недоволниот буџет ја загрозува независноста на судовите во Северна Македонија

Зголемувањето на судскиот буџет е повеќе од неопходно со цел овој сектор да ги зајакне своите активности. Финансиското „засилување“ би придонело нашиот правосуден систем да биде во пракса понезависен, потранспарентен, поефикасен и посигурен за граѓаните. Буџетирањето на судството и обвинителството, експертите од фокус-групите го оценија како можеби најважниот елемент за постигнување ефикасна независност во овие области.

„Стратешката рамка, законите и имплементацијата се трите клучни столба за реформите во правосудството, пред сè, на судството и обвинителството, од аспект на промените во евроинтеграциите. Додека во првите два столба имаат релативно задоволителна оценка, спроведувањето на реформите во правосудството е елемент кој бара доза за „зајакнување“на реформите, во сите области. Сите показатели покажуваат дека оваа  доза за „зајакнување“ треба да биде пред се финансиска, односно повеќе пари од буџетот за спроведување на реформите. Ова би бил краток заклучок за состојбите на ова област во текот на 2021 година од мониторингот што го направивме во последните два квартали од годината“, се цитира во документот насловен „На судството му е потребна финансиска доза за зајкнување, објавен од „Метаморфозис“.

Според законските прописи, државата е главен извор на приходи и за судството и за обвинителството, и тоа главно од државниот буџет, чиј дел се обезбедува од сопствени средства, а дел од грантови од меѓународни донатори. Буџетот за судската власт во 2022 година е зголемен и основните расходи од државната каса ќе достигнат 2,18 милијарди денари или околу 35,5 милиони евра, додека со активности за самофинансирање и донации за судството ќе бидат достапни околу 37,7 милиони евра. Станува збор за зголемување од само 2,5 милиони евра, земајќи ги предвид буџетските расходи, како и самофинансирањето и донациите, во однос на буџетот за 2021 година. Сепак, земјата сè уште е далеку од исполнување на својата законска обврска за финансирање на судството со 0,8 отсто од БДП.

ЕУ смета дека СРМ допрва треба да вложи напори за да обезбеди владеење на правото

Вo Извештај за напредокот објавен од Европската комисија беше истакнато дека Северна Македонија е умерено подготвена за спроведување на acquis-то на ЕУ и европските стандарди во областа на судството. Во извештајот, меѓу другото, се наведува дека генерално, постигнат е одреден напредок, сепак корупцијата е широко распространета во многу области и останува загрижувачка. Северна Македонија продолжува да ги исполнува своите општи обврски за основните права, но има предизвици во спроведувањето на постојното законодавство.

Правосудниот систем на Северна Македонија е умерено подготвен. Постигнат е одреден напредок во спроведувањето на стратегијата за реформи во правосудството, понатамошно адресирање на препораките на Венецијанската комисија и Групата високи експерти за систематски прашања за владеење на правото. Потребни се дополнителни напори за да се обезбеди систематско спроведување на ажурираниот акциски план за стратегијата за реформи во правосудството и стратегиите за човечки ресурси за судството и обвинителството. Правосудните институции продолжуваат со спроведување на новите правила за именување, унапредување, дисциплина и разрешување на судии и обвинители, се истакнува меѓу другото во Извештајот за напредокот.

Во делот на судството има 3 препораки кои произлегуваат од Извештајот,  дека земјата следната година треба да се фокусира и сериозно да работи на:

  1. ​​Забрзување на имплементацијата на тековната стратегија за реформи во правосудството и ажурираниот акциски план, со посебен фокус на усвојувањето нов закон за граѓанска постапка, во согласност со европските стандарди;
    2. Имплементација на стратегии за човечки ресурси за мрежата на судството и јавното обвинителство, нивна употреба како индикатори за проекции за идни вработувања;

    3. Подобрете го автоматизираниот информативен систем за управување со случаи (ACCMIS) за да се осигури дека истиот е целосно функционален и доверлив

И покрај заклучоците од Извештајот за напредокот на Министерството за правда во Северна Македонија, велат дека Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 година со Акцискиот план одобрен од Владата во ноември 2017 година, континуирано се спроведува од сите актери во правосудниот сектор и активностите се презентираат на седница на Советот за реформи.

Голем дел од активностите се веќе спроведени и се однесуваат на судството и јавното обвинителство, како и на законската регулатива која во голема мера е донесена. Во собраниска процедура според акцискиот план се Законот за адвокатура, Законот за парнична постапка, Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и Законот за надомест на штета на жртвите на казниво дело , додека интензивно се работи на Законот за кривична постапка, Кривичниот законик, Законот за вештачење и Законот за оцена. Реформи во областа на граѓанското право, како активност ќе имаат подоцнежен рок за реализација. Исто така, Акцискиот план содржи активности кои континуирано се спроведуваат, како што се обуките од Академијата за судии и јавни обвинители, објавувањето на одлуките на Советот на јавни обвинители и Судскиот совет на нивната веб-страница, редовното ажурирање на веб-страниците на овие два совета, одржувањето на редовни состаноци меѓу Апелационите судови и Врховниот суд на РСМ и унифицирање на судската пракса, изјавија за Порталб.мк од Кабинетот на министерот за правда.

Од Кабинетот на Никола Тупанчевски најавија и дека новата стратегија се очекува да биде готова кон крајот на оваа година и во периодот 2023-2027 година.


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto; margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани