2win800x200

Бавно се менуваат законите за јавна администрација

Мај 17, 2022

Законите што ја регулираат работата на јавната администрацијата постојат и биле предмет, но и сè уште се, на делумни измени, дополнувања или целосни промени. Сепак, овие унапредувања на законските решенија одат побавно од очекуваното, се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација насловен како: „Администрирањето“ со администрацијата – клучен предуслов за реформите, во кој се прави пресек на состојбата со реформскиот процес од 2021 година, заклучно со 31 март 2022 година

Постојат стратегија и закони врз кои се врши континуиран процес на реформа на јавната администрација. Станува збор за два темелни документа од областа на стратешкото планирање, а тоа се Стратегија за РЈА 2018-2022 и Акциски план на Стратегијата за реформи на ЈА 2018-2022.

Покрај овие, постојат и други стратешки документи, како што се Стратегијата и акциски план за отворени податоци, како и повеќе стратешки документи и акциски планови на надлежното Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА), а сите реформи треба да ги надгледува централизирано тело наречено Совет за реформи во ЈА, формиран во декември 2017 година, при што последниот извештај за одржани седници на владиниот сајт датира за деветата седница, од јули 2021 година.

Она што недостасува или што доцни во овој дел на стратегии и стратешко планирање, според експертите со кои разговаравме во рамките на фокус-групата, е оценувањето на квалитетот на стратегиите и воопшто на нивната спроведливост. Такво екстерно оценување е предвидено, особено за главната стратегија за реформата на ЈА, меѓутоа процесот доцни, а претпоставката е дека тоа се должи на смената на владата и на поставувањето нов министер во МИОА. Што се однесува на полугодишните и годишните оценки што ги прави МИОА заедно со другите надлежни институции, според експертите во фокус-групата, станува збор за голо статистичко оценување за тоа колку од мерките и задачите според Акцискиот план се постигнати, а не и за квалитативно оценување на извршените промени. Гледајќи го досегашниот квантитавен учинок на сите извештаи, а имајќи предвид дека Акцискиот план и самата стратегија се со рок до 2022, проценка на еден од експертите беше дека ќе биде добро ако се постигнат 60 отсто од предвидените задачи во планот, кумулативно за сите 4 реформски подобласти од Реформата на јавната администрација.

Законската рамка ја има, менувањето оди бавно

Законите што ја регулираат работата на администрацијата постојат и биле предмет, но и сè уште се, на делумни измени, дополнувања или целосни промени. Сепак, овие унапредувања на законските решенија одат побавно од очекуваното. Клучните три законски решенија за работата на администрацијата се Законот за вработените во јавниот сектор (ЗВЈС), Законот за административни службеници и Нацрт законското решение за висока раководна служба (ЗВРС). Првите два се донесени уште во 2014 година, по што, сите акти за систематизација и организација во јавните служби мора да бидат доставени на одобрување во МИОА. Третиот закон никогаш не стапил во сила досега, т.е. не бил ниту еднаш доставен до Собранието, иако идејата за негово развивање се појави уште во 2019 година и ја промовира тогашниот министер за информатичко општество и администрација. Во 2019 година се донесени и нови три закони кои се нужни за дигитализацијата, односно за е-услугите што администрацијата треба да им ги нуди на граѓаните.

Како еден од клучните проблеми што можеа да се детектираат во законската рамка е и Законот за организација и работа на државната управа (ЗОРОДУ), кој како нужност од ново законско решение е истакнат и во последниот Извештај на ЕУ за РСМ и тоа како еден од трите приоритети во наредниот период и прва реченица во делот Отчетност на администрацијата.

Истражувањето околу тоа каде се заглавени работите беше расчистено со два податока. Владата веќе го има разгледано статусот на овој проект на својата 23 седница, во март 2022 г., како 139 точка од дневен ред под наслов: Информација за статусот на реализација на активностите во рамките на ИПА 2017 проектот „Поддршка на државната реорганизација“. На последната прес-конференција на МИОА, во март, на 30.03.2022, надлежниот министер соопшти дека тогаш била донесена и одлука со која се задолжуваат три министерства, МИОА, за земјоделество шумарство и водостапанство и за економија, да почнат со подготовки за примена на новата организација како пилот-министерства, откако ќе биде донесен законот.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto; margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани