2win800x200

Ќе се забрза ли процесот на е-услугите ?

Мај 31, 2022

Преку платформата за интероперабилност веќе се поврзани судовите со МВР, Јавното обвинителство, Царинската управа, Централниот регистер, ДИК, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, ДКСК и МНАВ – Агенцијата за цивилно воздухопловство. На Платформата за интероперабилност се приклучени 39 институции, со тенденција да се приклучат уште 15 институции. Ова, меѓу другото,  се вели во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација насловен како: „Администрирањето“ со администрацијата – клучен предуслов за реформите, во кој се прави пресек на состојбата со реформскиот процес од 2021 година, заклучно со 31 март 2022 година

Дигитализацијата на администрацијата и развојот на дигиталните услуги не можат да се одвојат. Тоа се комплементарни процеси, при што, според експертите, не стоиме така лошо, но секако, има место и за многу побрза имплементација. Еден добар пример секако е неодамнешното потпишување договор помеѓу Министерството за правда и 34 други институции за брзо, електронско разменување податоци помеѓу правосудството и институциите што беше јавно промовирано во Владата на РСМ. Де факто, РСМ практично стана прва земја од регионот во која 34 суда во земјата електронски ги разменуваат податоците, а од моментот на потпишување, 9 институции директно можат да разменуваат податоци со судството. Преку платформата за интероперабилност веќе се поврзани судовите со МВР, Јавното обвинителство, Царинската управа, Централниот регистер, ДИК, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, ДКСК и МНАВ – Агенцијата за цивилно воздухопловство. На Платформата за интероперабилност се приклучени 39 институции, со тенденција да се приклучат уште 15 институции.

Целта на Извештајот беше и да дознаеме дали овој дел од реформите се финансира соодветно на потребите и задачите од Акцискиот план. Она што е пошироко познато во јавноста е дека МИОА за годинава издвоила 4 милиони евра само за дигитализацијата, плус Министерството за правда 1,5 милион евра за процесите на дигитализација во правосудството. Претпоставка е дека и други министерства и институции во буџетите за 2022 година имаат предвидено вакви средства. Но колку се тие и дали се доволни? Овој одговор не може да се добие, освен доколку рачно не се пребаруваат буџетите од институција до институција, а некогаш ни така, зашто во државата сè уште буџетот не се прави програмски. Еден од експертите изјави дека во подготовка е нов Закон за буџети, кој ќе има буџетирање по програми, па така транспаретно ќе се знае колку е буџетирано за спроведување акциски план за некоја специфична стратегија или за посебна програма. Тоа е предвидено и во новиот Закон за буџетите, кој веќе е на второ читање во Собранието во моментот кога се заклучуваше овој Извештај, со што ќе се замени старото законско решение од 2005 година.

Според друг експерт, пак, не е секогаш сè до средствата:

Понекогаш не е само до средствата, туку и до волјата на раководните лица на институцијата. Имате примери каде што институции или општини со релативно скромни буџети отишле напред во процесот и обратно. И покрај буџетирањето, процесите стојат или се малку мрднати од место – вели експертот.

Според една од експертките, може дури и математички да се пресмета колку би чинел напредокот во дигиталните услуги. Поаѓајќи од анализата на експертката дека дигитализација на податочни сетови чини помеѓу 20 и 50 илјади евра, ако се земе средна вредност од 25-30 илјади евра, толку би чинела и дигитализацијата на некоја услуга, грубо речено, иако има и услуги за кои не се потребни ни толку средства, туку само поврзување со централниот портал.

Она што може да се заклучи од експертите во фокус-групата околу успешноста и забрзувањето на дигитализацијата во администрацијата, а со тоа, се разбира и забрзување на процесот на е-услугите, може да се систематизира во четири точки или насоки што би требало да ги имаат на ум креаторите на политиките:

  • да постои континуитет на политиките;
  • правната рамка постојано да се апдејтира или да се отстрануваат забележаните слабости;
  • градење инфраструктура и на централно и на локално ниво, што е можно поизедначно и синхронизирано;
  • постојани обуки на јавната администрација и од аспект на дигиталната писменост и од аспект на имплементација на дигиталните услуги за граѓаните.

Последни информации до кои се дојде при подготовката на овој Извештај е дека координацијата на целиот процес ја има Кабинетот на министерот за добро владеење, додека, пак, за потребата од усогласување на законите досега се идентификувани близу 300 закони и други прописи.

 

 


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="box-sizing: border-box; border: 0px; vertical-align: middle; max-width: 100%; height: auto; margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани