2win800x200

Градоначалничката вели дека имало вештачки создадени часови, но сепак ќе ги прими наставниците чии договори истекоа

Јуни 08, 2018

Градоначалничката Наташа Петровска изјави дека во изминатиот период имало вештачки часови во училиштата и дека сега тоа е отстрането. Сепак, по денешниот собир пред Општина на наставниците на кои им истекоа договорите, таа изјави дека ќе ги прими идната недела. 

 
"Очекувам од нив да бидам информирана дека имаат доставено барање, да достават официјално барање за средба со мене да не биде вака да се преслушуваме преку медиуми. Останувам отворена за средба со нив за да ги сослушам нивните проблеми. Иако и во изминатиот период имам кажано дека ситуациите се индивидуални од случај до случај. Факт е дека во минатиот период постоеја таканаречени вештачки часови кои во оваа учебна година беа елиминирани. Пак ќе речам дека станува збор за различни случаи. Но, по официјалнито барање средбата ќе ја имаме", рече Петровска. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани