2win800x200

Пет милиони евра се одлеале од институциите за склучување авторски договори во последните 4 години

Јуни 24, 2022

Генералниот секретаријат на Владата исплатил најмалку 2,4 милиони евра, од 2017 година, до крајот на 2021 година за авторски договори. Парите им се исплатувале на лица за да присуствуваат на владини седници и да креираат записници, да учествуваат на состаноци, да креираат содржини за веб-страницата или да даваат редовни консултации. Антикорупциската комисија смета дека е прекршен законот, односно за ангажманите на голем дел од овие лица не требало да важи Законот за авторско право, односно нивните активности не требало да влезат во доменот на „авторски дела“

Пишува: Мери Јордановска

Државните институции/органи на државната управа и на ЕЛС, како и јавните претпријатија во периодот од 2018 година досега склучиле авторски договори од речиси пет милиони евра, со различни лица, и со една агенција за интелектуална сопственост, говорат податоците на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Вистиномер веќе пишуваше дека практиката на склучување авторски договори за привремени вработувања, без да се распише оглас, е крајно ризична и претставува можност од буџетот да им се даваат пари на партиски, наместо на квалификувани кадри. За истото ова има и бројни критики во речиси сите извештаи за напредокот на С. Македонија од Европската комисија.

Антикорупциската комисија извршила увид во активностите и документацијата поврзани со ангажманите врз основа на авторски договор за периодот од 01.01.2017 до 31.10.2021 година, бидејќи тој период и спаѓа во нејзина надлежност.

Врз основа на преземените дејствија во рамки на надлежното постапување, ДКСК стекна сознанија дека во посочениот период од страна на Генералниот секретаријат на Владата бил ангажиран поголем број на физички лица врз основа на авторски договори, велат од комисијата.

Па така, во 2017 година, покрај лицата во редовен работен однос, дополнително биле ангажирани уште 93 лица врз основа на авторски договор, застапувани од агенцијата за интелектуална сопственост „Артпицк“.  Во 2018 година, дополнително биле ангажирани уште 119 лица врз основа на авторски договор застапувани од истата агенција и уште 25 лица преку приватна агенција за вработување. Во 2019 година, ангажирани биле уште 103 лица врз основа на авторски договор и уште 32 лица преку приватна агенција за вработување. Во 2020 година, пак, покрај лицата во редовен работен однос (вработени на определено односно на неопределено време), дополнително биле ангажирани уште 118 лица врз основа на авторски договор, застапувани од агенцијата за интелектуална сопственост „Артпицк“, и уште 36 лица преку приватна агенција за вработување. До крајот на октомври лани, биле ангажирани уште 78 лица врз основа на авторски договор, и уште 18 лица преку приватна агенција за вработување.

За ангажманите на голем дел од овие лица, според Антикорупциската комисија, не требало да важи Законот за авторско право, односно нивните активности не требало да влезат во доменот на „авторски дела“.

ДКСК смета дека ангажманите не подразбираат креирање на авторско дело согласно дефиницијата од Законот за авторското право и сродните права ниту вршење на активности во насока на креирање на авторско дело, туку упатува на преземање на конкретизирани и повторливи дејствија на дневна основа, како: присуство на седници на Влада и креирање на записници, присуство на средби и состаноци, анализа на податоци и информации, постапување по предмети од различни области, креирање на содржини за веб страна и социјални мрежи, анализа на настапи во медиуми, медиумска анализа, фотографирање на настани, организација на настани, давање редовни консултации, организација на обуки, вршење на работи за потребите на кабинетите на именувани лица во Владата, контактирање на надворешни страни, IT одржување и анализа итн.

На овој начин и преку ваков вид ангажмани, кои според комисијата не спаѓаат во доменот на авторски дела и за кои требало да биде распишан оглас за вработување на определено/неопределено време, Генералниот секретаријат на Владата исплатил најмалку 153,244.219 денари, односно 2,491.776 евра, од 2017 година, до крајот на 2021 година.

Од инфографикот што следува може да се види исплатата на суми за авторски договори по години:

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/06/my-visual_58921781-300x294.png 300w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/06/my-visual_58921781-768x752.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/06/my-visual_58921781-1536x1503.png 1536w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/06/my-visual_58921781-2048x2004.png 2048w" alt="" width="1024" height="1002" class="aligncenter wp-image-128202 size-large b-loaded" style="clear: both; display: block; margin: 15px auto 25px;" />

Антикорупциската комисија констатира дека со ваквиот начин на ангажирање физички лица, заобиколена е примената на релевантните одредби од Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници со кои опфатени општите начела (начело на еднакви услови, еднаков пристап до работно место, соодветна и правична застапеност, начелото на стручност и компетентност), како и начинот на планирање на вработените и начинот на спроведување на постапките за вработување.

Државата редовни се наоѓа на тапет поради вработувањата преку авторски договори и привремените вработувања кои се буквално практика за ангажирање лица во институциите, прескокнувајќи ги редовните процедури за вработување. Државната комисија за спречување на корупцијата уште пред две години реагираше дека „со ваквите вработувања се манипулира и со фактот што вработените се ангажираат за вршење работи предвидени со систематизациите за подолг период, а не како што е предвидено со законот, за зголемен обем на работа, замена на вработен кој е подолго отсутен, или за одредена работа – проекти“.

Слично нешто се потврдува и во Годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 – 2025 за период 01.01.2021 – 31.12.2021. Во Извештајот се вели дека Министерството за информатичко општество и администрација се обврзало да ја укине можноста за вработување преку агенции за времени вработувања и можноста привремените вработувања да се трансформираат во вработување на неопределено работно време без редовна постапка за вработување. Ова не се остварило во рокот кој бил предвиден, односно во втората половина од 2021 година.

Привремените вработувања, во изминативе години, беа сериозно критикувани во извештаите на Европската комисија како можност за ангажирање партиски војници во јавната администрација. Овие вработувања беа посочувани како „наменски, политички и арбитрарни вработувања“.

Постапките за договорите на определено време и договорите за дело со пониски критериуми, продолжуваат да се користат често, заобиколувајќи ги критериумите утврдени во Законот за административни службеници, се вели во последниот извештај за напредокот на земјава од Европската комисија. 


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани