2win800x200

Вработена во старскиот дом „Сју Рајдер“-Битола паднала од балкон и тешко се повредила

Август 03, 2018

Во кома е вработена во старскиот дом „Сју Рајдер“- Битола откако денеска околу 11 часот доживеала несреќа на работа кога поднала од балкон и се повредила.Настанот за апла.мк го потврдуваат и од битолската полиција и од болницата.

-Во службата за ургентна медицина примено е женско лице на возраст од 39 години во коматозна состојба. Веднаш е прегледана од хируг и невролог –психијатар, препратена е на компјутерска томографија каде наодот е уреден. Хоспитализирана е на Нервното одделение  за понатамошно испитување, потврди за апла.мк Сузана Конеска, портпарол на Клиничката болница Битола.   

Од СВР-Битола ни потврдија дека настанот е пријавен кај нив од страна на директорот на институцијата, но и официјално од Клиничката болница во Битола.

-Денеска околу 11 часот вработена на возраст од околу 40 години имала несреќа на работа,  за што веднаш била однесена во болница, велат од полицијата за што подетални информации најавија за подоцна .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани