2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Уште еден позитивен од персоналот во хосписот "Сју Рајдер", се очекуваат резултатите за 15 пациенти

Ноември 05, 2020

 

Уште еден вработен во хосписот "Сју Рајдер" во Битола е позитивен на КОВИД 19, со што вкупниот број на заболени од персоналот се искачи на 7. Од пациентите заразени се 33, а се очекуваат резултатите за уште 15.

Тестирани се 61 штитеник, колку што има вкупно во хосписот, а во наредните денови ќе  се спроведе скрининг и на сите вработени. Сите заболени пациенти се во стабилна здравствена состојба и под надзор на лекар од установата и инфектолог примаат соодветна терапија

-Во моментов во тек се анализите на земените брисеви од пациентите. Работата е во најнормален тек, а со оглед на тоа што сите вработени работат со заштитна опрема предвидена со протокол, пациентите, но и здравствените работници се заштитени, информираат за апла.мк од Министерството за здравство.
 
Вкупниот број на заболени пациенти и вработени во хосписот Сју Рајдер е 40. Со оглед на тоа што во оваа геријатриска установа е забранет влез на невработени уште на почетокот на пандемијата, а нема ниту посети на семејствата на пациентите, се претпоставува дека вирусот го донел некој од вработените
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани