2win800x200

Техничкото училиште во Битола се соочува со целосно распадната одводна и водоводна инсталација

Август 08, 2018

Реконструкцијата и санацијата на водоводната и одводната мрежа во Техничкото училиште во Битола што започна за време на летниот распуст отвори многу работа , откако фактичката состојба покажа дека се е зарѓено, испукано и дотраено.

Цели 32 години од изградбата на школото никој не ставил рака да го обнови и санира, па сега кај и да копнат мајсторите се соочуваат со тотален распад.

Директорот на средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“,  Владимир Роме, и претходно изјави дека училиштето во оваа зграда опстојува од 1986 година и од тогаш до сега ништо не е сменето и реновирано, особено не, во водоводот и одводот.

Цевките се целосно зарѓени, испукани и дотраени, а таква е состојбата во целото училиште, за што говорат и фотографиите.

received 519198718527652

received 833812443487677

Ова училиште можеби  е и единствено во Општината кое е со стара и дотраена дрвена дограма која не дихтува и токму поради тоа има  огромни загуби на нафта за греење. Прозорците зјаат, па најголем дел од нив се заковани, како би се намалил провевот.

Новото раководство прави напори да обезбеди замена на дограмата  со цел решавање на овој проблем.

received 211076643084429

received 273697570088475

received 2135833983353432

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани