2win800x200

„ПАТУВАЊЕТО НА ЕДЕН ОБЛАК“ –БАБЕЦ ТЕАТАР на БИТФЕСТ

Август 07, 2018

На Новата сцена во НУ Центар за култура, синоќа беше одиграна театарската претставата на Бабец театар, насловена „Патувањето на еден облак“. Автор на текстот е Роберто Фрабети од Италија, уметничкото оформување е на Јулијана Мирчевска, а актерската игра е на Соња Ошавкова и Веда Мавровска. Со оваа претстава која беше проследена од многубројна публика, започнува соработката на Бабец театарот со италијанскиот автор Роберто Фрабети, а претставата станува дел од новиот проект на Бабец театар „Театар од пелени“. 

 

Денес на програмата на Бит фест од 20:00 часот, на истата локација, Нова сцена - НУ Центар за култура, ќе се одигра претставата „Приказна за тркалото“, чиј автор е Ивица Шимич од Хрватска, уметничкото оформување е на Јулијана Мирчевска, а игра актерот Васко Мавровски.

„Успеавме да склучиме договор за соработка со театарот „Мала сцена“ од Загреб, Хрватска со кој ги добивме авторските права за реализација на две театарски претстави за деца „Приказна за тркалото“ и „Приказна за светлото“ се со цел реализација на долго најавуваниот проект „Театар од пелени“. Претставите се наменети за деца од 1,5 години до 8 години, автор на двете претстави е Ивица Шимич кој во моментот живее и предава драматургија на престижниот универзитет во Хјуан, Кина.
„Приказна за тркалото“ и „Приказна за светлото“ ќе бидат првите и единствени претстави во Македонија за деца помали од 2 години. Со овие две претстави ќе докажеме дека театарот за најмалите не само што е возможен туку е и неопходен. Малите деца не разбираат се во целост, но со сите сетила ја доживуваат убавата слика и зборовите со кои им раскажуваме за светот кој ги опкружува. На овој начин, всадуваме во нив естетски вредности за цел живот, а непосредно и потсвесно им помагаме да го разберат светот околу нив“, велат од „Бабец театар“, кој годинава го одбележува својот осми роденден. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани