АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во пресрет на Денот на востанието на Македонија, 11 Октомври, децата од Јавната општинска установа, „Естреја Овадија Мара“, односно групите на возраст од 4 до 6 години од градинката „Пролет“, денеска се поклонија и положија цвеќе пред споменикот на нивниот патрон, во дворот на Здравствениот дом во Битола.
-Во рамките на годишната програма, Јавната општинска установа „Естреја Овадија Мара“ ги реализира своите активности, ја негува традицијата и ги одбележува празниците. По повод празникот 11 октомври положивме цвеќе пред споменикот на Естреја Овадија-Мара. Останатите групи од другите градинки, го одбележуваат 11 Октомври со пригодни приредби“, информираат од ЈОУ „Естреа Овадија Мара“