АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интересен цртеж кој наликува и на карикатура и на духовит начин го исмева менито на војниците кои Божиќ 1916 година го поминале во рововите низ битолско , беше дел од изложбата „100 години од крајот на Македонскиот фронт“ поставена на 4 Номеври во битолскиот Завод и музеј. Во изложбата изработена од наставници од Скопје и Битола, членови на АНИМ - Асоцијацијата на наставници на Република Македонија, покрај фотографиите и податоците кои говорат за теророт, беше објавен и овој несекојдневен цртеж.
На него на српски јазик е напишано Божиќ 1916 година, Македонски фронт, а потоа „јеловник“ и се наведува како мени карта пивтија, пилешка чорба, сарма, пилешко со подварок, прасечко печење, салата, компот и торта. Вакво мени можело само да се сонува во тоа време не само на фронтот туку и во околните населени места зашто владеела страшна сиромаштија. На цртежот над „јеловникот“ е нацртан како лета авион и исфрла бомби, а во најдолниот дел се војничките шатори.