АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со коњ и мазга, од Битола до Солун, на пат долг 240 километри утрово тргнаа францускиот дипломат и писател Емануел Рембер и новинарот и историчар Емануел Ешт, придружувани од битолскиот професионален водич Петар Нолев.
Македонско-француската експедиција пеш ќе минува по линијата на Македонскиот фронт, низ бункери и ровови, преку мариовските села Маково, Рапеш, Будимирци, Ридир, летна караула до врвот Кајмакчалан, а потоа по сртот на планината до Мало Ниџе и местата викани Базерот, Бела Земја, Сокол, Добро Поле, Кралица, Кожуф ќе пристигнат до Гевгелија, а од таму до Солун. На овој начин Рембер и Ешт ќе ја одбележат стогодишнината од крајот на Првата светска војна, а патувањето кое го нарекоа „Марш на спомените“ симболично почна од Француските воени гробишта во Битола.
-Сакавме да направиме нешто што може да се нарече жива археологија. Сакаме да одиме по линијата на фронтот по која се движеле војниците од Првата свестка војна, рече Емануел Рембер, дипломат и писател од Франција
-Се надевам дека на моите сограѓани ќе им го оживееме спомент, жртвите и храброста на француските војници кои се бореа на Македонскиот фронт во Првата свестска војна. Тој е дел од историјата, настаните од овие простори, се малку подзаборавен во Франција, рече Емануел Ешт, историчар и новинар од Франција
Среќен пат на учесниците на маршот им посакаа градоначалничката на Битола Наташа Петровска и почесниот конзул на Република Франција во Република Македонија, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.
Фотки од Меморијалниот музеј сместен на француски гробишта во Битола: