2win800x200

Одводните канали во атарот на Општина Новаци се чистат пред есенските дождови

Ноември 12, 2018

Одводните канали во Пелагониското поле во делот на Општина Новаци се чистат  пред есенските дождови. Денеска механизација на „Водостопанство-Битолско поле“ чистеше на потегот кај селото Рибарци, а екипи од претпријатието повеќе од 30 дена е во атарот на Општина Новаци.

 

- Механизација на „Водостопанство-Битолско поле“ се во атарите на нашите села, се чисти целокупната каналска мрежа. Активностите почнаа од атарот на селото Живојно, потоа се чистеше на потегот од селото Гнеотино кон селото Брод, десно кон Црна Река. Денеска се чисти канал во атарот на селото Рибарци во должина од 12 километри, но вкупно каналската мрежа која треба да биде исчистена е преку 20 километри. Исто така неколку дена имаше чистење на помали канали и во селата Долно и Горно Агларци  со цела при поројни дождови  да не се поплавуваат земјоделските површини . Но тоа ќе биде превенетивно и за на пролет кога при поројните дождови истотака може да дојде до поплавување на нивите. Значи каналската мрежа мора да биде исчистена заради навремна обработка на земјоделските површини, рече градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузмановски, најавувајќи  дека активностите на „Водостопанство-Битолско поле“, ќе продолжат во атарот на селото Новаци на десеттиот канал  во должина од два до три километри.

Чистењето на каналите е во соработка на „Водостопанство-Битолско поле“ и Општина Новаци , така  што според програмата за чистење на каналите, сиот финански товар го сноси претпријатието.

-„Водостопанство -Битолско поле“ од ноември 2015 година е во склоп на АД Водостопанство на Република Македонија. Во овој момент претпријатието  брои 20 вработени. Во текот на целата година сме ангажирани на чистење на каналите, такашто од јануари годинава до сега се исчистени 64 километри во канали, потврди техничкиот директор на „Водостопанство –Битолско поле“ Дејан Заровски.

 

46070571 2182389055353280 7265955483570143232 n

45945749 719600075074547 8529858797076742144 n

received 594999610918135

 

46024675 1573483452755424 175831253814083584 n

46094217 505809963257900 7609469678028587008 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани