2win800x200

Превозникот „Боби Турс“ бара спогодбено раскинување на договорите за бесплатниот школски превоз со средните училишта во Битола

Ноември 15, 2018

Спогодбено раскинување на петгодишните договори за бесплатниот школски превоз со Општината и средни  училишта во градот бара превозникот „Боби Турс“ од Битола. Од оваа фирма за апла.мк велат дека  денеска преку архива лично до Техничкото училиште во Битола, Економското и Земјоделското училиште како и гимназијата „Таки Даскало“ и до Општина Битола доставиле барања во кои стои дека бараат предвремено и спогодбено  раскинување на договорите кои имаат важност до 2020 година за бесплатниот школски превоз.

-На четири средни училишта во градот и до општината денеска преку архива им ги доставивме барања, во нив бараме спогодбено и пред време да ги раскиниме договорите за школскиот превоз, од причина што сметаме дека тоа не доведува до нерентабилно работење. Очекуваме дека училиштата и Општина Битола ќе одговорат  позитивно на нашето барање, велат од „Боби Турс“за апла.мк  и додаваат дека  доколку спогодбено не се раскинат договорите тогаш тие се решени да го почекаат рокот кој го диктира договорот, а тоа е три месеци однапред да ги известат барателите на услуги дека се откажуваа од договорот.

 

Од „Боби Турс“велат дека во текот на овие два дена сите превозници во градот се под контрола на Управата за јавни приходи.

Оваа информацијата за апла.мк ја потврдија и од УЈП-Битола  од каде велат „ превозниците во Битола подлежат на контроли во однос на користење на фискалните апарати, такашто контролата трае и не можеме да дадеме подетални информации“, велат од УЈП –Битола.

Училиштата  денеска ги добиле барањата за спогодбено раскинување на договорите за што потврда за Техничкото училиште добивме од директорот Владимир Роме.

-Точно дека добивме барање од еден превозник и не знаме дали ова  е изолиран случај или ќе следат вакви барање од другите превозници опфатени со петгодишните  договори, вели Роме. Неофицијално апла.мк дознава  дека и други превозници веќе  се подготвувале за да ги раскинат договорите за бесплатниот школски превоз.

Основното јавно обвинителство Битола  пред два дена ни потврди дека води истрага за евентуални злоупотреби со петгодишните договори за школскиот превоз меѓу превозниците и Општината, за што најави дека наскоро ќе излезат со соопштение во јавноста.

Дали ова ќе значи решавање на проблемот со превозот на учениците во Битола или усложнување на ситуацијата ќе се знае за скоро кога се очекува одговор од училиштата  до превозниците дали ќе ги прекинат договорите или ќе се даде време до напролет кога и законски превозниците имаат отказен период.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани