2win800x200

Кривични пријави за општински градежен инспектор, инвеститор и надзор за бесправно градење

Ноември 19, 2018

Битолската полиција поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службената положба“ против советник  градежен  инспектор З.С. (64) од Општина Битола затоа што на инвеститор му дозволил да продолжи со градба и покрај тоа што претходно било донесено решение за уривање на бесправно изграден објект.

Кривична пријава е поднесена и против градежната фирма „Интегра-09“ од Битола и незјиниот управител, во случајот  инвеститор, ПП (51) под соменение за сторено кривично дело „бесправно градење“, како и за надзорот на градежните работи В.Ш. (51) за кривично дело „злоупотреба на службената положба“.

Градежен инспектор од Општина Битола на 8 декември 2017 година констатирал дека во периодот од 1 ноември 2016 до 18 февруари 2017 година во Битола, управителот на „Интегра -09“, како инвеститор и В.Ш. како надзор, спротивно на одобрението за градење на станбен и деловен простор, изградиле потпокривен простор. Инспекторот донел решение за отстранување на бесправната градба.

На 31.05.2018 година, З.С. како советник-градежен инспектор, спротивно на наведената констатација и решението за отстранување на наведената бесправна градба, донел записник за извршен инспекциски надзор на наведениот објект, според кој му овозможил на инвеститорот да продолжи со градба и да се стекне со имотна корист од потпокривен простор со површина од 600 метри квадратни.

Неодамна Основното јавно обвинителство во Битола потврди дека е отворена предистражна постапка за легализацијата на бесправно изградени објекти, а исто така и градоначланичката Наташа Петровска изјави дека ОЈО изтражува нерегуларности во процесот на легализација во изминатиот период

-Има некои документи кои се исклучително контроверзни, однсоно од една страна има решение за рушење од градежна инспекција, а од друга страна решение за легализација. Исто така има легализации за кои неодамна, односно пред еден месец Обвинителство подигна документи, што значи дека ова е потврда дека не се запазувале одредени чекори при спроведување на постапките и процедуирите, рече градоначалничката Петровска во изјава кон крајот на октомври

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани