АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Убавините на Пелистер“ од авторот Петар Ставрев по повод 70 години од прогласувањето на Пелистер за Национален парк, беше отворена денеска во фоајето на Центарот за култура во Битола.
Новинарот и фотограф Петар Ставрев на изложбата претстави стотина фотографии од Пелистер каде се претставени флората и фауната и сите нејзини знаменитости.
-Престојувајќи на повеќе планини во Македонија, на Балканот и на Алпите концептирав одреден број на фотографии за изложба така да досега имам реализирано педесеттина изложби на тема убавините на планините , посебно на Пелистер во која што сме ние битолчани влубени од срце. На оваа изложба денес може да се видат најкарактеристичните убавини што и досега сум ги претставил во повеќе градови во државата. И натаму ќе продолжам со подготвување на фото изложби, бидејќи имам богат фонд од десеттина илјади, а можеби и повеќе фотографии, рече авторот Ставрев.
Во рамките на изложбата претствени се и одредени мисли како „Шетајте по шумските патеки за да не шетате по градските аптеки“, „Без разлика со какви мисли ќе тргнеш радосен ќе се вратиш“, „Вљубеноста во Пелистер е трајна“ и сл.
Но, Ставрев вели дека не е лесно да се направи една убава и успешна фотографија.
-Секогаш има потешкотии и непредвидени работи, затоа треба да се внимава, имам една мисла дека „планината не е трка, таа е интима за уживање “. Најмногу проблеми сум имал со водопадите затоа што тие се во најтешките места и треба тука да се расчисти теренот да се почека два-три часа да се слезе долу, а вода од сите страни блика. Инаку од животни не сум се плашел сум ги снимал, иако тие бегаат од човекот посебно од планинарите, вели Ставрев.
Изложбата е на само два дена пред големата прослава на Националниот парк Пелистер- 70 години од прогласувањето за прв Национален парк во Југославија.
-Националниот парк Пелистер е тринаесеттиот прогласен парк во Европа после Втората светска војна во 1948 година. Горди сме што нашиот град и нашата околина го има Пелистер и секогаш им било задоволство на фотографите и уметниците да им биде инспирација. Националниот парк Пелистер со скромните приходи што ги има и овој пат имаме чест во оваа педесетта изложба на Ставрев со фотографии да го прославиме овој јубилеј. Ставрев од неговите десеттина илјади фотографии за Пелистер направи избор, кој што е тука пред нас, рече Пеце Цветановски од Националниот парк Пелистер –Битола.