АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ – Битола се реконструира кровот и се препокрива објектот. Санацијата е овозможена со средства од А.Д МЕПСО во висина од 2,500,000 денари. Ова битолско училиште е со 110 годишна традиција и во последните децении не се памети поголем реконструктивен зафат. Училиштето беше маргинализирано во споредба со други школи во градот и не беа направени никакви вложувања и санации.
-Во моментов како најзначаен реконструктивен проект во училиштето е изведување на градежно-занаетчиски работи за препокривање и санација на кровот. Средствата беа обезбедени од АД МЕПСО. Нареден проект кој е во завршна административна фаза и се очекува да заврши до крајот на јануари наредната година , е промена на сите прозорци и главната влезна врата, со средства во висина од 20 000 евра добиени од USAID Македонија, вели Благојче Кривевски, в-д директор на на СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола.
Според Кривевски во последната година со голема мотивираност направени се неколку клучни реновирања во самото училиште. Најпрво се обезбедени средства за реконструкција на санитарните јазли предвидени за наставниот кадар во февруари оваа година. Тековно беа реконструирани и бојадисувани училниците и беа поставени флип-чарт табли. Во повејќето училници ако претходно постоеше, додатно беше монтирано парно греење.
-Планирани се и ќе следат уште многу проекти се со цел исполнување на визијата на СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола училиштето да биде здрава и безбедна средина во која секој може да научи, да ги развива своите индивидуални перформанси и да стекне знаења и вештини кои успешно ќе ги применува во општествената заедница, напоменува Кривевски.