АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Цртежите со вазни на осумгодишната битолчанка Матеја Стевановска ѝ донесоа средбрен медал на меѓународниот ликовен конкурс во Евора, Португалија. Таа е најмладиот награден член на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ од Битола и е една од петнаесеттината млади ликовни таленти кои добија награди за своите цртежи на меѓународни колонии и конкурси.
„Матеја сега има осум години и учи во ОУ ‘Кирил и Методиј’, инаку од шест години почна да црта во Монмартр. Досега освоила околу пет до шест меѓународни награди. Го користи цело слободно време кога нема за учење, да црта. Радосна доаѓа во Студиото. Инетресно ѝ е. Да црта и бои ѝ е единственото нешто што најмногу сака да го прави. Не сакаше ни на спорт да оди, ѝ беше омилено цртањето. Едно време црташе цвеќиња, вазни, а сега авиони, бродови“, рече за Апла.мк, мајката на девојчето Александра Талевска Стевановска.
За минатата година Детското ликовно студио од Битола доби 40 меѓународни награди, а триесетина веќе пристигнаа и без доделени денес во чест на роденденот на Тоше Проески. Истата година кога бил роден Тоше, во 1981 година, се родил и Малиот битолски Монмартр. По смртта на македонската музичка ѕвезда студиото одлучило, секоја година да го одбележува роденденот на Тоше со торта и доделување на награди, зашто како што е нивното мото “Тоше има само ден на раѓање““.
„Овие награди се гордост на Детското ликовно студио, на децата, на нивните родители. Ова се важни награди. Испраќаме колекции по разни метрополи, а од таму добиваме награди како гран при, златни, сребрени медали, спецјални и други награди. Тоа е голем успех. Во светот знаат дека Декстото ликовно студио е бренд на Република Македонија. Се трудиме да им покажеме на децата, се школуваат тука бесплатно. Ни доаѓаат и членови од околните општини“, рече Коста Хаџи Антоновски, раководител на Студиото.
Десетина од наградите завршија во рацете на талентираната битолчанка Ангела Каранфиловска, која дефинитивно е најнаградуваниот член од Детското ликовно студио за минатата година. Таа на конкурс на Пиатра Неамт во Романија освои три награди , меѓу кои и Наградата за локовно достигнување на колонијата, Во Евроа, Португалија две награди и на други места.
„Овие таленти се наше богатство и начинот на кој Малиот битолски Монмартр го вреднува сето тоа. Ова е навистина нешто бесценето и претставува благослов за Битола. Ми претставува уживање да гледам низ годините како безброј деца се надоградуваат, се афирмираат во признати артисти зашто уживам да гледам како безброј деца го живеат мојот сон, ова го велам бидејќи сум и самата несуден сликар. Им посакувам да го развиваат својот талент“, порача Тања Крнчева, претставник од Советот на Општина Битола, која присуствуваше на доделувањето на наградите.\