АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски беше домаќин на делегацијата од збратимената општина Дуги Рат од Република Хрватска предводена од градоначалникот Јерко Роглиќ. Збратимувањето меѓу двете општини е од 2013-та година и секоја година се остваруваат вакви средби кои се важен чекор за зацврстување на заедничката соработка.
На средбата беше укажано на потребата од понатамошно унапредување на соработката и нејзино насочување кон одредени дејности. Пред се, унапредување на културната и размената на образовните институции, но и поголемо поврзување на бизнис заедницата.
Двајцата градоначалници со претставниците од советите и надлежните одделенија од општините разговараа за своите досегашни искуства и предизвиците со кои се соочуваат во своите општини и изразија желба за продлабочување и конкретизирање на меѓусебната соработка на повисоко ниво во насока на искористување на европските фондови, можноста за инвестирање , работење на заеднички проекти итн.
“Двете општини како долгогодишни пријатели, треба да воспоставиме поблиска соработка и на полето на ЛЕР и на економијата.Наша обврска е да ги воспоставиме врските меѓу бизнис заедниците, а тие понатаму ќе ја трасираат својата соработка. Општина Новаци и општина Дуги Рат имаат големи потенцијали за развој, а соработката со Дуги Рат која се одржува веќе 6 години значи дека бизнисмените оттаму може лесно да остварат контакти со овдешните стопанственици. Како збратимени општини покажавме дека без разлика на оддалеченоста се почитуваме, заеднички придонесуваме во приближувањето на општините и имаме многу заеднички потреби. Затоа и многу повеќе внимание треба да посветиме на конкретизирање на нашата соработка”- истакна градоначалникот Љубе Кузманоски.