Учениците од ДСУ за образование и рехабилитација “Св. Наум Охридски” – Скопје, дисперзирана паралелка во Битола, веќе цела учебна година дел од часовите по Спорт и спортски активности ја изведуваат во теретана.
Професорот по спорт и спортски активности во СОУ “Таки Даскало”- Битола, Борко Тромбев, на учениците со посебни образовни потреби кои учат во просториите на СОУ “Таки Даскало”- Битола им обезбедува бесплатни часови во теретана – Спортски клуб “FIT ALFA”- Битола, каде учениците се чувствуваат прекрасно и преку физички вежби и рекреација, како и со многу дружба изведуваат настава со нивниот професор Драган Спировски.
Целта на ваквиот хуман чин е да се надминат разликите и да се покаже дека сите се еднакви како во општественото живеење така и во радоста.
Учениците и родителите се особено благодарни.
Секоја чест на професорот и неговиот прекрасен хуман гест.