2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Околу петнаесетина кандидати во трката за лидер на СДСМ-Битола

Јуни 12, 2019

Петнаесетина кандидати се пријавиле на партискиот конкурс за избор на нов претседател на СДСМ  во Битола. Меѓу кандидатите има поранешни партиски функционери, актуелни директори на јавни претпријатија, институции и училишта, а  за оваа функција аспирации пројавиле и советници од Советот  на Општина Битола. Меѓу кандидатите грото се мажи иако и  жени  се намерачиле на првата партиска фотелја на СДСМ во градот.

 

Од она што досега го објави апла.мк со изјави од кандидатите за оваа функција се пријавиле Златко Ќурчиевски  директор на рудници во РЕК-Битола, Панде Богоевски директор на ЈКП Комуналец,  Драган Крајовски прв човек на Битолскиот затвор, а својата кандидатура ја најави и Димитар Пипилевски, директор на училиштето „Крсте Петков  Мисирков“ од Бистрица.

Во изјава за апла.мк тој вели дека „поради поддршката од многу членови, јасна визија за правецот по кој партијата треба да се движи, решив да се кандидирам за претседател на ОО. Програмата е веќе испратена до претседателот на СДСМ, вели Пипилевски.

Пријавувањето за претседател на ОО на СДСМ во Битола  заврши на 5 јуни, а краен рок за објава на претседател на СДСМ-Битола според роковникот кој беше донесен на последниот Централен одбор е 16 јуни, недела.

Во истиот ден според најавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе се одржи Централен одбор на кој се очекува да бидат назначени и претседателите на општинските организации.

Денеска партијата назначи претседатели на општински во повеќе од триесет градови и населени места , во кои победи СДСМ на последните претседателки избори и дел во кои имаше мал број на кандидати. Сега останува поголемите и покомплицираните општински организации да добијат лидер за што лично ќе одлучува претседателот на СДСМ Заев, велат партиски избори.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани