2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Обиколницата светна, се чистеше и рачно, ќе се мие и со цистерна

Јуни 20, 2019

Со денешните активности завршува темелното чистење на депонијата на магистралниот пат А3 во делот на обиколницата над Битола. Состојбата во овој дел е комплетно променета, а отстранети се вкупно 2000 м³отпад. Покрај координираното делување на терен и спроведените активности со соодветна механизација од страна на јавните претпријатија, деновиве за дорасчистување рачно интервенираа и 10 вработени од ЈП Комуналец, соопштина од Општина Битола.

 

Покрај отстранувањето на отпадот, ќе се изврши и миење на улицата со цистерна, со цел завршување на координираната акција за чистење на големата депонија, која претставуваше опасност за возачите, лоша слика на влезот во градот, а од еколошки аспект со себе повлекуваше низа штетни последици.

Одржувањето на сегашната состојба, покрај со организирани активности од страна на општината и јавните претпријатија, потребно е да биде приоритет и на однесувањето на граѓаните, кои нема да дозволат појава на нова депонија.

Јавното претпријатие „Комуналец“, во овој дел продолжува и со расчистување на игралиштето над магистралниот пат, од каде се отстранети 200 м³ отпад, а во крајната фаза на расчистување на игралиштето, ќе биде вклучено и месното население.obikolnica 2

obikolnica 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани