АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претставата „Август во округот Осејџ“ по текст на американскиот писател Трејси Летс, по кој е снимен и филм со познати холивудски актери, утревечер премиерно ќе биде изведена на сцената на Народниот театар во Битола. Режисерката Драгана Милошевска-Попова на денешната прес-конференција рече дека претставата се подготвувала два месеца, бидејќи станува збор за богата приказна која се поставува на театарска сцена со обид да се избегне влијанието на филмот.
– Втор пат соработувам со актери од битолскиот театар, работевме на секој лик во претставата за да направиме интересна приказна. Оваа претстава е посветена на едно дискфункционално семејство, семејство кое се распаѓа и за тоа какво влијание имаат општествените прилики врз семејството, рече меѓу другото Милошевска-Попова.
Претставата „Август во округот Осејџ“, како што појасни драматургот Билјана Крајчевска, е црна комедија, приказна за луѓе кои под маската на семејниот живот, делумно од страв или паника мораат да се уништат.
-Станува збор за семејна сага, каде по смртта на главата на семејството, се отвора Пандорината кутија на лагите и интригите во кои што живееле дотогаш. Ова е филигранска работа на режисерката, емотивна и посветена актерска игра, претстава која сметам дека ќе донесе многу публика, која ќе ужива, рече Илина Чоревска, програмски директор на НТБ.
Во премиерата закажана за утревечер на матичната сцена на Битолскиот театар, главните улоги ги толкуваат актерите Елена Моше, Јулијана Мирчевска, Борис Чоревски и др.
-Станува збор за текст кој веќе десетина години се изведува по сцените на тетарите во регионот и во светот. То е хит текст што прилекува големо внимание, што беше една од главните референци зошто одлучивме да го изведеме овој текст. Втортат причина е актерскиот ансамбл во Наодниот театар во Битола кој може да одгвори на предизвиците на овој текст, рече директоро на НТБ, Иван Јерчиќ.
Ова е трет проект годинава на Народониот театар во Битола поддржан од Министерството за култура