АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден 8 септември 1942 година, загина Кочо Чолаковски–Станко, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење.
Роден е во селото Ниже Поле во 1923 година. Се занимаваше со земјоделство и сточарство. Од почетокот на окупацијата беше активен приврзаник на антифашистичкото движење и беше вклучен во организирањето на антиокупаторската вооружена борба.
На 8 септември 1942 г. стапи во првиот борбен строј на Битолскиот партизански одред „Јане Сандански“.
Загина при пренесување на оружје во времето на преместувањето на партизанскиот логор во Ореовската Планина.
Погребан е на партизанските гробишта во Битола.
подготвил: д-р Александар Литовски, историчар