2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

По мобилноста во Шпанија и Германија, ученици и наставници од „Даме Груев“ во Романија

Октомври 05, 2019

После реализирани две мобилности во Шпанија и Германија, ученици и наставници од Основното училиште „Даме Груев“ од Битола престојуваа во Романија од 27 септември до 4 ноември годинава во рамки на проектот „Малцинствата во Европа“. Проектот има мото „Сите се смееме на ист јазик“, а се спроведува во партнерство со Германија, Шпанија, Турција и Романија.

 

Во проектните активности во Романија учество зедоа наставничките Соња Јанкуловска, координатор на проектот ,Весна Дунимаглоска ликовен наставник и Роза Јовановска директор на училиштето, како и четири ученици.

„Во текот на нашиот престој во Романија учениците зедоа учество во две работилници. Едната за управување со конфликти што ги среќаваат во секојдневниот живот и стратегија за нивното справување како и втората работилница за социјална вклученост. На неа се стави акцент дека социјалното вклучување е чин кој треба да придонесе сите групи на луѓе во рамките на едно општество да се чувствуваат ценети и важни, односно не само да се биде заедно, туку и да се работи заедно“, истакна координаторот Соња Јанкуловска.ученици 2

Тимот наставници и ученици од ОУ „Даме Груев“ имаа можност да учествуваат во изработка на глинени предмети, од дрво и текстил.ученици56

„Она на што го научија учениците е дека секое ново познанство и секој нов пријател се дел од суштествените вредности со кои ќе се градат преубави спомени“, велат од училиштето.улњбие

Основното училиште Даме Груев –Битола е дел од проектот Еразмус + клучна акција К-229 финансирана од Европската комисија и под надзор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани